Контакт

Daily news

Деноноќна битка со пожарите, на повеќе локации се уште гори шума

Објавено пред

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека се активни се неколку пожари на подрачјето на општината Македонски Брод. Во атарот на село Брест месност викана Фојник гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и пожарот е под контрола.

dobivaj vesti na viber

Под контрола е пожарот во атарот на село Могилец, каде гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка. Пожарот може да биде пренесен во атарот на село Калуѓерец, каде гори сува трева, смрека, дабова шума и лисна постилка и постои опасност од загрозување на селото. Пожарот се шири кон атарот на село Модриште каде гори сува трева и ниско стеблеста шума, но нема опасност од префрлање на пожарот кон населеното место Модриште поради природната препрека од реката Треска.

Во атарот на село Локвица, месност викана Видуш гори сува трева, а на одделни места смрека.

Во атарот на село Волче. месност викана Ќафа, по течението на река Волчица и во подножјето на месноста викана Челадар во правец на село Волче гори дабова шума, сува трева, лисна постилка и смрека. Пожарот постепено се шири од месноста викана Сува Гора кон населеното место Волче.

Во гаснењето на пожарите во моментот ангажирани се: АРМ (за пожарот во Брес, кои се лоцирани во атарот на село Требовље), ЈП „Македонски Шуми“- Македонски Брод, Територијалната противпожарна единица од Македонски Брод и ЈП „Македонски шуми“ од Кавадарци, кои се ангажирани за селата Могилец и Калуѓерец, ЈП „Македонски шуми“-Македонски Брод за село Локвица и месното население од Волче.

Во моментов пожарите се под контрола, но поради високите температури во текот на денешниот ден не се исклучува можноста од нивно проширување.

Се уште е активен пожарот во атарот на селото Дреново, во месноста Дреновска Корија, општина Чашка. Пожарот, кој е активен во шумскиот дел, зафатил дабова шума, јасен и бука. За гасење на пожарот ангажирани се Шумското стопанство „Бабуна“, ДЗС и два хеликоптери на АРМ. Со дејствувањето од воздух успешно е изгасен пожарот во карпестиот предел. На теренот се изработени пресеки за спречување на понатамошно ширење на пожарот.

Пожарот во атарот на село Богомила, месност Бела Вода, општина Чашка е ставен под контрола. Се гледаат поедини задимувања од заостанати трупци внатре во жариштето.

Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гасење. Северозападно од село Горно Јаболчиште во месноста Диков Гроб на патот кон Горно Бегово, околу 14,42 часот појавен е нов пожар. Опожарена е површина со низок бор (кривул).

Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, во атарот на село Человец, општина Демир Капија појавен е пожар на тешко пристапен терен, со кој е зафатена нискостеблеста шума и прнар.За гасење на пожарот ангажирани се пожарникари и вработени во Шумското стопанство „Демир Капија“. Според последните информации во 16 часот пожарот е ставен под контрола. Екипите се на терен и ја контролираат опожарената површина.

На тромеѓето меѓу селата Гудјаково-Дрен и Галиште во месноста Галишки Осој, општна Кавадарци преминат е пожарот од село Дрен, општина Прилеп. Пожарот се шири од четири места и може да навлезе во старо сечиште. Ангажирани се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување од Прилеп, Територијалната противпожарна едница Прилеп, лица од ловиште Кавадарци и вработени во Шумското стопанство „Бор“ од Кавадарци.

Пожарот кај браната Матка се уште чади, односно се гледа пламен на непристапен терен-срт (карпест дел), кој се наоѓа блиску до браната. Пожарот нема можност за ширење.

Се уште е активен пожарот во атарот на село Градовци, каде гори мешана шума. На терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита и ДЗС.

Појавени се два пожари на патот за селото Света Петка, општина Сопиште, каде е зафатена густа шума, на непристапен терен. Пожар има во пределот од село Никиштани кон село Грачани од десна страна на патот, на непристапен терен. Појавен е пожар во пределот на месноста викана Дуња, оддалечена на 30-40 километри од последното село Алдинци. Пожарот е на непристапен терен.

Попладнево повторно се појавил пожар во Долно Количани. За гасење на се испратени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Моменталната состојба со останатите пожари кои беа активни вчера на територијата на Град Скопје се локализирани. Луѓето кои се на терен ја следат состојбата.

Локализиран е пожарот во атарот на село Подвис, каде горела нискостеблеста деградирана шума.

Пожарот во атарот на селата Дрен, Смолани и Радобил, општина Прилеп е активен. Гори нискостеблеста дабова шума, чалија, смрека… Пожарот се шири во еден правец кон Дрен, и во друг кон Гуѓаково и кон Галиште (Кавадаречко). На терен интервенираат вработени од ЈП „Македонски шуми“ – Прилеп и Територијалната противпожарна Прилеп.

За гасење на пожарот кај село Гургурница се очекува да бидат вклучени авиони или хеликоптери. На терен дејствуваат пожарникари. Пожарот во атарот на село Корито, општина Гостивар е се уште активен. Зафатена е површина со сува трева и пасишта и нискостеблести џбунести растенија со тенденција на проширување и зафакање на високостеблести растенија. Во гаснењето на пожарот интервенирале и хеликоптери. Екипата од Територијалната противпожарна единица Гостивар ја следи состојбата, но не може да интервенира заради непристапен терен.

Во општина Јегуновце во селата: Сиричино, Туденце и Копанце има пожар на отворен простор кој е се уште активен. Гори сува трева и огнот се движи кон Жеден. На местото интервенира екипа од ПСШ „Лешница“ Тетово. Околу пладне е интервенирано е и со хеликоптери.

Пожарот, кој се појави вчера во попладневните часови во атарот на селото Владимирово, кај место викано Кочански рид е под контрола. Во пожарот е зафатена сува трева и нискостеблеста шума (грмушки). Во моментот на терен се вработени од Шумското стопанство „Малешево“ и лица од локалното население.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа37 минути

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет42 минути

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 час

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет2 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа2 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа2 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа3 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа3 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија13 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија15 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија20 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија20 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија20 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ22 часа

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ22 часа

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија23 часа

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ23 часа

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија24 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 ден

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...