Daily news
Ристески: Прилеп и Македонија немаат капацитет да ги прифатат мигрантите
Граѓаните на Прилеп и Македонија сочувствуваат со ситуацијата и проблемите со кои се соочуваат мигрантите во Сирија, Авганистан и другите држави, но Прилеп и Македонија ниту имаат можности ниту имаат капацитет за да се справат со еден таков голем бран бегалци кои се подготувуваат да дојдат тука, особено во градот Прилеп, изјави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, на новинарско прашање за тоа кој е неговиот став за стратегијата на Владата за прифаќање на мигрантите и нивно населување во Прилеп и други градови на Македонија.
„Јас секој ден комуницирам со граѓаните и тие се револтирани од ваквиот однос на Владата. Пред сè, од она што значи експресно давање државјанства, тоа директно ќе влијае на промена на демографската структура на општина Прилеп и на ниво на Македонија. Исто така и експресното овозможување работа. Ние сме општина која има голем процент на невработеност и наместо да се грижиме за вработување на нашите сограѓани, ќе треба да го решаваме работниот однос на овие бегалци и мигранти. Во стратегијата е предвидена изградба и на социјални станови и згради. Ние имаме голема категорија граѓани, особено кај ромското население, кои треба да добијат социјални станови и кои треба да бидат приоритет. Сите овие пари со кои ќе се градат станови, згради, инфраструктура за бегалците, би можеле да се вложат во ромската населба за изградба на инфраструктура, исто така, наместо да се прекинуваат одредени програми за подобрување на квалитетот на живот во Прилеп, како што беше предвидено – изградба на нови спортски сали, нова градинка, подобрување на условите во Домот за стари лица, рурална програма за изградба на водоводи и патишта до населените места, ние сите овие пари од буџетот на Македонија ќе треба да ги трошиме за згрижување на сите овие мигранти и странци што Владата планира да ги насели во Македонија. Секогаш за вакви теми треба да се прашаат граѓаните и населението и мислам дека Прилеп нема да дозволи една лоша стратегија која би се одразила на квалитетот на живот на нашите сограѓани“, изјави Ристески.
Тој истакна дека одредени изјави на политичари на позицијата и Владата укажувале на тоа дека оваа стратегија е во план да се спроведе, а за тоа укажувале и активностите на одредени НВО за тоа како во иднина би требало да се прави едукација на населението за да се прифатат бегалците и како да се однесуваме со нив.
„Комуницирам и со другите градоначалници во Македонија, од другите градови и сите граѓани го делат мислењето на прилепчани. Имаме секојдневна комуникација и со градоначалници од други држави кои беа погодени од оваа бегалска криза, верувајте, и тие имаат огромни проблеми и ние не сакаме тие проблеми да се пресликаат кај нас“, додаде Ристески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.