Регион
Унгарија не дозволи влез на возови со мигранти од Србија
Унгарија во неделата не дозволи на нејзината територија да влезат два меѓународни воза од Србија, бидејќи во нив имало мигранти, соопштија Железници на Србија.
Прво во Суботица е запрен меѓународниот патнички воз кој од Белград кон Будимпешта тргнал во саботата навечер, будејќи Унгарски железници (MAV) не сакале да го примат поради големиот број мигранти и бегалци кои во возот се качиле во Белград.
Според белградските медиуми, овој воз до неделата претпладнето во Суботица чекал дозвола да ја мине границата, но дефинитивно било откажано продолжувањето на патувањето, а сите мигранти останале во Суботица.
Проблем имале и патниците во меѓународниот воз „Авала“, кој од Белград тргнал во неделата претпладнето кон Виена преку Будимпешта, бидејќи MAV не дозволиле влез на територијата на Унгарија. Возот стоел сé додека не биле исклучени вагоните во кои се наоѓале мигрантите, се истакнува во соопштението до медиумите од Железници на Србија.
Мигрантите не сакале да излезат од возот, бидејќи купиле билети до Будимпешта, иако немале неопходни документи за влез во земјата. А тој проблем во неделата отвори широка дебата на социјалните мрежи за тоа „кој воопшто во Белград можел да им продаде билети на мигрантите“, ако се знаеле каква политика кон нив води Унгарија.
„Бегалците останаа во Суботица, а за другите патници беше организиран натамошен транспорт“, јави во неделата вечерта Радио-телевизија на Србија (РТС) од Суботица, од каде возот го продолжил патувањето со задоцнување од речиси два часа.
Преку границата меѓу Србија и Македонија кај Прешево и Миратовац во неделата минале уште неколку стотици мигранти и бегалци, а според последните податоци само во центарот за прифаќање во Прешево од почетокот на мигрантската криза се регистрирани повеќе од 70.000 луѓе.
Според податоците коишто ги објави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, од почетокот на 2015 година до крајот на август „државата граница на Србија ја минале над 120.000 луѓе, од кои намера да побараат азил во Србија искажале помалку од 108.000, но само 500 лица навистина тоа и го сториле“, определувајќи се да живеат во Србија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos

