Скопје
Нова станбена зграда почна да се гради во скопско Марино
Камен темелник на нова станбена зграда во непосредна близина на спортскиот центар во населеното место Марино, постави во четврток градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.
Новиот станбено-деловен објект ќе се простира на површина од 3.000 метри квадратни, на пет нивоа, со 25 стана и пет деловни објекти. Зградата ќе располага со станови со различни површини и тоа од 41, 51, 60, 75 и 105 метри квадратни, како и подземна гаража.
Објектотот го гради фирмата “Ингра“, а инвеститор е Ненад Јаневски. Вкупната инвестиција изнесува 900.000 евра, а зградата треба да биде готова за 10 месеци.
Ова е втора од предвидените четири станбени згради што треба да бидат изградени во близина на спортскиот комплекс во Марино.
„Големиот интерес за овие станови, како и за градежните парцели за изградба на семејни куќи, уште еднаш потврди дека Општина Илинден, покрај тоа што последниве години е посакувана дестинација за голем број инвеститори од земјата и од странство, станува и посакувано место за живеење“, информираат локалните власти. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Скопје
Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Без електрична енергија утре од 07:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците во населените места Волково и Кучково, општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа.