Црна хроника
Убиство во чајџилница во Мала Речица
Едно лице е убиено во четврток попладне во чајџилница во тетовска Мала Речица, соопшти Бранислав Нешовски, јавен обвинител во Тетовското јавно обвинителство.
Според Нешовски, убиен е 43 годишниот Хасмир Хасани од тетовското село Лисец, а осомничен за убиството е Џафер Османи со прекар Џафа, жител на Тетово.
Хасани бил убиен со еден истрел во близина на срцето, а убиецот веднаш побегнал.
Истрагата е во тек. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал 70-годишната мајка и сестра си
Полицијата вчера го приведе Д.З.(39) од скопско село, по претходна пријава дека околу 14 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 70-годишна мајка и неговата 43-годишна сестра.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Татко си го убил синот со ловџиска пушка, па седел покрај телото во станот додека не ги пронашле
Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои сомневање дека го убил својот син.
Според информациите на Обвинителството, тој го убил својот 39-годишен син со ловџиска пушка. Двајцата живееле заедно, а на убиството претходела расправија.
Куршумот го погодил синот во градниот кош и тој веднаш починал, а таткото седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не ги пронашле.
Се бара притвор за 65-годишникот.
Црна хроника
Тешко повреден пешак од Жировница
Вчера во 10.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Жировница, општина Маврово и Ростуше, патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Е.А.(49) удрило во пешак Ш.А.(78), двајцата од село Жировница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.