Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека се изгаснати пожарите што вчера беа регистрирани во општина Зајас. Едниот пожар беше регистриран помеѓу селото Зајас и селото Горно Строгомиште, во кој се опожарени 2 хектара борова и дабова шума. Во вториот пожар кај местото наречено Џума, во атарот на селото Зајас, опожарена е површина од 5 хектари трева, грмушки и дабова шума.
Во гаснењето на пожарот биле ангажирани два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување. На самото место биле и 31 лице од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ, „Македонски шуми“ и локално население.
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека е во состојба на зголемена будност. „Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата и се подготвени во секој момент, доколку има потреба, да ангажираат тимови за брз одговор за гаснење пожари на отворен простор на целата територија.