Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за чистка во институциите

Објавено пред

„Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи огромни напори и направи низа реформи со цел да направи отчетна, одговорна и професионална администрацијата ориентирана кон потребите на граѓаните, со доаѓање на власт на новата Влада предводена од СДС, наместо да продолжи со професионализација на администрацијата, започна со спроведување на чистка во иституциите со флагрантно прекршување и непочитување на ниеден Закон. Дополнително на тоа ниту еден именуван функционер не ги исполнува минимум условите за да биде назначен, а при водењето на самата постапка користат и лажни документи“, изјави Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според неа, незаконските разрешувања и именувања, како и самоволието во овој период освен во администрацијата, се гледаат и во јавните претпријатија и трговските друштва каде што се особено масовни. „Прекршувањата на законот се уште поголеми и говорат и за сторени фалсификати и антидатирања, што претставуваат и кривични дела. Тоа се институции во кои директорот се избира со одлука од Управниот одбор, кој исто така треба да биде избран во законска пропишана постапка“, додава таа.

„Владата на СДС во брзање своите партиски членови да ги промовира во државни функционери, буквално гази врз законите па така имаме евидентирано случаи кога Управен одбор кој е именуван од Влада и кој се уште не е ниту верификуван во Централен регистар како орган на управување, носи одлука за именување на директор на јавното претпријатие, кој што како и Управниот одбор не чека да биде запишан во Централен регистар и истиот ден кога е именуван донесува одлука за разрешување на најголем дел подрачни раководители во институцијата. Самоволието што го манифестира Владата на СДС не ги заобиколи ниту институциите во здравството и социјалната заштита, без оглед на фактот дека станува збор за исклучително важни сфери во секојдневното живеење на граѓаните на Република Македонија. Самоволието на СДС посебно се одрази во судството, посебно во СЈО со непотизмот, барање одговорност од судии за даден личен став и уверување при донесување на судска одлука“, вели Стаменковска.

 

Според неа, Комисијата за правни работи на ВМРО ДПМНЕ нема да биде нем и пасивен сведок на овие незаконски разрешувања на лицата што професионално одговорно, чесно и посветено ја извршувале својата работна должност. „Активно ќе ги следиме овие постапки за што веќе во рамките на Комисијата формиравме и посебна работна група која ќе дава правна помош и заштита на лицата што се жртви на незаконското разрешување и самоволие на СДС“, изјави Невенка Стаменковска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето поставен на кружниот тек во Автокоманда

Споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, кој беше отстранет од пред комплексот судови, е поставен на кружниот тек во...

Спорт4 часа

(Видео) Македонски судија нападнат на кадетското Европско првенство во бокс

Извор и фото/ b92.net Заврши Европското првенство за кадети и кадетки (ученици на возраст од 13 и 14 години), кое...

Македонија4 часа

Во изминатото деноноќие имало 51 пожар во Македонија, денеска активни осум

Во текот на изминатото деноноќие, 27/28.07, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 51 пожар, од кои осум се...

Свет5 часа

Рубио: Трамп го губи трпението со Путин, размислува за драстични мерки

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е сè повеќе фрустриран од недостатокот на напредок на Русија кон мировниот договор и сега...

Регион5 часа

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до...

Свет5 часа

САД и ЕУ постигнаа договор за царините

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа рамковен трговски договор, објавија американскиот претседател Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија,...

Македонија13 часа

Паника во Катланово и Петровец поради голем пожар, Ангелов смирува дека нема опасност да се запали бензинската

Попладново пожар изби и помеѓу Катланово и Петровец. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вечерва во видео-изјава...

Македонија17 часа

И војниците на АРМ ќе се вклучат во гаснење на пожарот во кривопаланечкото село Нерав

Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка...

Топ18 часа

Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека...

Македонија19 часа

Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор

До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор,...

Македонија22 часа

Хеликоптерска акција во Штип: Полициски службеници спасија повреден војник од борбата со пожарот

Во време кога летните горештини го зголемуваат ризикот од пожари, а бројот на активни огнени жаришта се зголемува ширум државата,...

Македонија23 часа

Шумскиот пожар во Крива Паланка се шири кон куќите, екипите се на терен

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина...

Uncategorized1 ден

Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се...

Регион1 ден

Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките...

Македонија1 ден

Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок...

Свет2 дена

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија2 дена

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија2 дена

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет2 дена

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија2 дена

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...