Контакт

Daily news

Прв училиштен час за 200 првачиња во општина Илинден

Објавено пред

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, ги посети основните училиште „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, како и Средното општинско стручно училиште „Илинден“, при што им посака многу успех во понатамошното образование на 2.000 основци и 260 средношколци. Тој посебно добредојде им посака на 200 првачиња колку што годинава се запишаа во трите централни и петте подрачни основни училишта во општината.

dobivaj vesti na viber

Учниците од повисоките одделенија во трите основни училишта во чест на првачињата кои првпат седнуваат во училишните клупи подготвија пригодни приредби, а градоначалникот Стојановски традиционално како и во изминатите години на сите првоодделенци им подели пригодни подароци.

За време на посетата на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ градоначалникот Жика Стојановски многу успеси им посака на новите средношколци, односно на петтата генерација ученици во средното училиште запишани во двете паралелки за електротехничка струка, информатика, комуникациска технологија и автоматика. Првата генерација ученици во ова училиште веќе го заврши образованието, некои од нив се запишаа на факултет, а други веќе работат во производствените погони на стопанските субјекти во општина Илинден.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Мицкоски од Собранието: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам инвестиции и реформи

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана...

Топ11 минути

Во несреќа кај Глумово повредени четири лица меѓу кои и деца, едниот од возачите побегнал

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат кон селото Глумово, скопско. Во несреќата...

Македонија1 час

Мицкоски: Денес е историски ден, време е да ги засукаме ракавите

Денес е историски ден. Почнува собраниската дебата која ќе стави крај на периодот на неработење, криминал, лоши вредности и разочарувања,...

Македонија2 часа

Постои опасност пожарот во Кичевско да навлезе во букова шума – се гасне од земја, од воздух, а се приклучи на населението

Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните е активен се уште...

Регион3 часа

Како снема струја на Балканот

Невиден колапс на електроенергетскиот систем ги погоди Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија. Се сомнева дека – во...

Македонија3 часа

Големи гужви за влез во Грција, се чека и до еден час

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и...

Македонија4 часа

Денес почнува собраниската седница за избор на нова Влада

Собраниската седница за избор на новата Влада почнува денес во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на...

Македонија15 часа

Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки

Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се...

Регион18 часа

(Видео) 11 загинати во пожари во Турција, и Грција се бори со огнот

Најмалку единаесет лица загинаа, а десетици се повредени во пожар со ниска вегетација што ветрот го прошири во неколку села...

Регион18 часа

Црногорците и Албанците ја објавија причината за историскиот прекин на струја

Историски прекин на струја ги погоди денеска Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје. Бизнисите...

Македонија19 часа

(Видео) 30-годишна Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Солун, објавија грчките медиуми

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила на патот Игнација Верија – Солун, денеска напладне. Беше околу 12 часот,...

Регион21 час

Почна да се враќа струјата во Хрватска и БиХ, „падна далноводот меѓу Грција и Албанија“

По хаосот и прекините во електроенергетскиот систем, електричната енергија е вратена во многу градови низ Босна и Херцеговина. Се врати...

Македонија24 часа

Меџити: Нема да играм фудбал со министрите во кабинетот и нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и Соравиа

Денеска, од оваа промотивна конференција на програмските столбови и новиот владин тим, накратко ќе ги претставам нашите предизвици во наредните...

Македонија24 часа

Деспотовски: Изборите на 30 јуни се референдум за СДСМ – продолжуваме по старо или одиме по ново

Кандидатот за претседател на Социјалемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски порача дека престојните претседателски избори во партијата се референдум на...

Македонија1 ден

Сообраќајка на патот Прждево кон Демр Капија, сообраќајот во целосен прекин

Oд 12:10 часот на регионален пат 1102 – село Прждево кон Демр Капија, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен...

Европа1 ден

(Видео) Дрон удри во рафинерија за нафта во Русија

Беспилотно летало ја погоди рафинеријата за нафта Илски во руската област Краснодар, при што беа повредени две лица и предизвикан...

Македонија1 ден

Филипче: Ќе ја отвориме работата на комисиите – политиките ќе се градат врз основа на широка стручна дебата

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, вчера во Куманово пред партиското членство ги образложи главните постулати на неговата програма....

Регион1 ден

Жена е пронајдена на плажа во Полихроно, мислеле дека е онесвестена

Неидентификувана жена е пронајдена онесвестена, во четврток попладне на плажа во Полихроно во општина Касандра на Халкидики. Жената била преземена...

Македонија1 ден

Планинарска спасителна служба извлече повреден турист во Охридско, лицето е пренесено во болница

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на...

Свет1 ден

Путин и се закани на Јужна Кореја

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја дека ќе направи „голема грешка“ доколку ја вооружи Украина во војна против...