Црна хроника
Битолчанец уплатил 43.000 долари за кафе од Уганда, а завршиле на приватна сметка

Жител на селото Вардино, Битолско, уплатил 43 илјади американски долари на електронска жиросметка со цел да нарача кафе од фирмата „Кибоку“ од Уганда, но наместо за кафе уплатените средства, со измама, легнале на туѓа сметка.
Случајот на 7-ми јули, во понеделникот, бил пријавен во СВР – Битола од страна на измамениот П.Г. (1968) кој бил основач и управител на фирмата која ја правела нарачката.
Според неговиот исказ во полициската станица во Битола, тој на 26-ти јуни годинава година склучил електронски договор за продажба со фирмата „Кибоку“ од Уганда за нарачка на одредено количество кафе, по што испратил профактура по електонска пошта со вкупен износ од 43.008 американски долари.
Профактурата дошла во рацете на засега неидентификувано лице кое извршило одредени корекции во делот на жиросметката и парите биле пренасочени на нова адреса.
Откако битолскиот трговец телефонски стапил во контакт со претставникот на „Кибоку“ сфатил дека е измамен.
Измамениот битолчанец и претходно соработувал со фирмата од Уганда и дотогаш немал никакви проблеми.
По соодветната пријава, полициските органи преземаат мерки за расчистување на случајот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.