„Веруваме дека бесплатниот пристап на новинарите до важни документи во земјата ќе го олесни пристапот на истражувачките новинарите до информации од интерес за јавноста, а со тоа ќе се подобри и информираноста на граѓаните. Сметаме оваа одлука ќе ги зголеми транспарентноста, отчетноста и одговорност на носителите на јавните функции, а воедно ќе влијае и за намалување на корупцијата и на разни форми на злоупотреби на власта“, велат од ЗНМ.
„Постојано сме инсистирале на новинарите да им се овозможи слободен пристап до информациите од јавен карактер со цел да се поттикне развојот на истражувачкото новинарство, кое се наоѓа на маргините на медиумскиот простор“, истакна претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Тој додава дека ЗНМ и во иднина ќе ја поддржи секоја мерка на Владата која оди во прилог на обезбедување поволен амбиент за работа на новинарите.