Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Министерката за труд и социјална политика ги укинува луксузирањата и високите хонорари

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, по повод 100 дена Влада ја информира јавноста за законите, мерките и решенијата на кои им се посвети изминатиот период, а кои беа со цел да донесат реален бенефит и финансиска поддршка за повеќе категории граѓани. Таа рече дека како што беше ветено во владината програма, се посветиле на враќањето на парите кон граѓаните, извлекување на граѓаните од сиромаштија и градење хуман, праведен и ефикасен систем за социјална заштита.

dobivaj vesti na viber

Според Царовска, ова е единствено вистинската насока во која таа ќе продолжи да работи и во иднина набројувајќи притоа неколку поважни измени донесени во првите сто дена, како што се Законот за минималната плата, таканаречениот закон за стечајци, како и измените во Законот за социјалната заштита, кои се веќе во собраниска процедура.

Додаде дека Министерството во овие сто дена подготвува темелна реформа на системот на социјална заштита бидејќи сегашниот е неефикасен и неправеден, оптоварен со комплицирани административни процедури. За таа цел веќе е формирана работна група составена од претставници на МТСП, граѓански организации и професори од областа, кои ќе работат на подготвка на нов предлог-закон за социјална заштита. Обезбедена е поддршка од меѓународните организации, пред сè, од Светска банка, но и од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Министерството ја менува и праксата во однос на исплатите на средствата за социјална и детска заштита, кои ќе се исплаќаат редовно. Царовска акцент стави и на инспекциските контроли, но и на измените во делот на оперативниот план за програми и мерки за вработување.

„Во изминатите 100 дена инспекциите работеа на терен, особено во периодот на топлотниот бран и извршија повеќе од 300 инспекциски контроли и изрекоа над стотина мерки. Безбедноста и здравјето при работа се приоритет на Владата на Република Македонија, затоа Владата ја усвои и националната стратегија, со која се предвидени конкретни мерки за подобрување на состојбите во оваа област.

Во делот на детската заштита информира дека се преземени конкретни чекори во насока на зголемување на опфатот на децата во градинките. Во моментот се реконструира и опожарената градинка во Шуто Оризари, со што ќе им се помогне на над 200 семејства во општината. Во тек е изградба и опремување на тринаесет детски градинки, со што ќе се зголеми опфатот за 682 деца до крајот на годината. Во врска со големиот недостиг на стручни кадри во центрите за социјална работа во  државава, што е и еден од најголемите проблеми и пречка за нивно ефикасно работење и поддршка за граѓаните, беа објавени огласи за вработување 29 стручни социјални работници во првата фаза од планираните 60 вработувања. Исто така, завршени се реконструкцијата и опремувањето на 30 центри за социјална работа.

Исто така, овозможено е повторно враќање на 910 лица во системот на социјална заштита, кои претходно го изгубиле правото поради добивање пари преку брз трансфер. Се почна и со процесот на подготовка на институциите за ратификација на Истанбулската конвенција. За таа цел обезбедени се 300 илјади евра за три центри за упатување жртви на сексуално насилство и еден шелтер-центар за заштита на жртви на сексуално насилство.

Од другите позначајни мерки и активности, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го истакна формирањето на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, во кој членуваат сите релевантни институции и компании, а по двегодишна пауза повторно беше ставен во функција и Советот за социјална сигурност, кој веќе предложи мерки за подобрување на стандардот на нашите повозрасни граѓани. Обезбедени се и средства во буџетот за усогласување на пензиите во 2017 година.

„Во МТСП сега се троши одговорно и домаќински. Во ова министерство не смее да има никакво луксузирање, ниту исплата на нереално високи хонорари. Нашата најголема привилегија е што успеавме да ги вратиме насмевката и довербата во системот кај Ристе и Владо од Велес и малата Мерсида, која растеше под еден скопски мост. И уште многубројни вакви приказни за кои плачеме кога слушаме на вести, но сега имаме можност да создадеме систем кој ќе им помага на овие семејства, без да треба да се изложуваат во медиумите за да го решат својот проблем. Во таа насока ќе продолжам и во иднина, односно сè додека ја имам довербата на граѓаните за извршување на мојата функција“, истакна Царовска во својот отчет за првите 100 дена Влада.

 

 

                                      



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ2 часа

Отворена истрага: Уапсен 27 годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет2 часа

Ким Јонг Ун на колена: Првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет3 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Свет3 часа

Шведска студија: Овие три професии први ќе бидат погодени од вештачката интелигенција

Веќе неколку независни студии заклучија дека две третини од занимањата ќе можат да бидат заменети или во голема мера извршени...

Македонија3 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Македонија15 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија16 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија18 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија18 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија19 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија21 час

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ21 час

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија22 часа

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија22 часа

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија23 часа

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...

Македонија24 часа

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Македонија1 ден

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два...

Топ1 ден

Обвинение против осум лица, од нив шест полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската...

Топ1 ден

Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично...