Daily news
Крстаноски: 300.000 граѓани ја искористија мерката за купување на дворно место по 1 евро за метар квардатен
Зоран Крстаноски на денешната трибина „Отворено со Комисијата за транспорт и врски на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека голем дел од економската политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ била посветена на реформи, активности и мерки во делот на земјишнита политика.
Тој потенцира дека постапката за приватизација на градежното земјиште и постапката за денационализација биле двете мерки кои го одбележаа владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
„Овие постапки сами по себе нормално дека имаат посебно значење за секој оној, кој што е засегнат со тие, бидејќи приватната сопственост како уставно загарантирано право е темел за сè понатаму што треба да се развива од економски аспект. Самото стекнување на приватна сопственост не би значела ништо, или не беше ефектуирало толку да не беше толку добра економската политика и сите тие мерки и активности, кои што како Влада ги преземавме во изминатиот период, истакна Крстаноски додавајќи дека тие донесоа бенефит во развојот на индустријата“, рече Крстаноски.
Ова според него, дало можност за многу фирми кои користеле мали простори да ги прошират своите капацитети, а тоа секако се одразило на поголема побарувачка на работници.
„Започнувајќи ја таа постапка за приватизација со редица мерки кои што беа имплементирани една по друга дојдовме до оној рекордно ниво на ниска невработеност. За жал, она што денеска го гледаме, мене ми е искрено жал што не можеме да направиме некоја споредба во сето тоа, можеме едноставно само да го кажуваме и да ги потсетуваме граѓаните за она што се реализираше во изминатиот период“, посочи Крстаноски.
Тој потенцира дека од 2009 година Владата одредила цена од 1 евро за приватизацација на метар квадратен. Крстаноски истакна дека две третини од вкупниот број на барања за приватизација на земјиштето биле поднесени откако била поднесена оваа мерка. Според него, до последниот рок поднесени биле 300.000 барања за приватизација на земјиштето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.