Контакт

Daily news

Триумфалната капија во првите сто дена не го доби бројчаникот што го вети Заев

Објавено пред

Триумфалната капија во Скопје во првите сто дена од новата Влада не го доби бројчаникот кој требаше да се врти и да покажува колку од украдените пари се вратиле во Буџетот и кај граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Ова беше едно од најгласните ветувања на сегашниот премиер Зоран Заев во предизборната кампања на крајот на минатата година.

Тој речиси на секој собир на граѓаните им укажуваше дека, според нивни проценки, Груевски и фамилијата изнеле од државата над 5 милијарди евра, кои ќе мора да ги вратат, а секој вратен денар ќе се бележи на бројчаникот што премиерот најави дека ќе го постави на Триумфалната капија, за секој да може да го види.

Она што граѓаните го очекуваа од новата Влада во првите сто дена, раководејќи се од ветувањата на Заев беа и повисоки плати, нови работни места, ефикасни мерки против корупција, социјална сигурност и институции што ќе гарантираат правда за сите.

Враќајќи го животот во Македонија, првите сто дена од Владата на Зоран Заев поминаа во знак на бројни кадровски смени, укинувања на проекти, кратења на буџети, но и долг список на реализирани мерки во рамки на ветувањата.

Пензионерите замерија што не го добија ветеното покачување на пензиите на почетокот на месецов, опозицијата замери за прекинатата изградба на автопатите, откажаната изградба на Клиничкиот центар, укинатите пари за Универзална сала, закочената економија, немањето странски инвестиции, а големи забелешки новата Влада доби и за неуспешното справување со пожарите изминатите три месеци.

Првите сто дена, за најголем дел од граѓаните ќе останат запаметени по укинувањето на екстерното, договорот со Бугарија и враќањето на евтината струја. Прва мерка на Владата на Зоран Заев, по конституирањето на 30 мај, беше укинувањето на екстерното тестирање во основните и во средните училишта. Собранието на 1 јуни донесе Закон за изменување на Законот за основно образование, Закон за изменување на Законот за средното образование и Закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта.

Измените веднаш беа објавени во „Службен весник“, а стапија на сила истиот ден со објавувањето со што сите постапки во врска со екстерното запреа непосредно пред да почнат тестирањата.

Петтиот ден од конституирањето Владата ги исплати пензиите за 301.660 пензионери со вкупна вредност од 4 милијарди 174 милиони денари, а заедно со нив ги исплати и заостанатите студентски стипендии за последните пет месеци во износ од 118,2 милиони денари.

Истиот ден Министерството за финансии исплати и 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување на говеда 100 милиони денари, за одгледување на овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари.

На почетокот на мандатот, во јуни годинава министерот за надворешни работи Никола Димитров отиде во официјална посета на Грција. Се сретна со Никос Коѕијас, министерот за надворешни работи на Грција, а го прими и претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос со што ги раздвижи македонско-грчките односи.

Претходниот министер за надворешни работи, Никола Попоски првата посета на Грција ја направи по изминати четири години на функцијата, односно во 2015 година. Попоски беше министер за надворешни работи од 2011 година до 2017 година. Неговата посета беше единствена во последните десет години. За време на јунската посета министерот Димитров го покани грчкиот колега да ја возврати посетата, па Коѕијас минатата недела беше во Скопје.

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за животна средина Садула Дураку на крајот на јуни почнаа да го решаваат проблемот со еколошките состојби во Тетово и проблемот со депониите во целата држава. Но во текот на првите сто дена депонијата во Струга неколку пати се палеше и чадеше со денови, а се додека не почна да гори и да ги труе граѓаните и депонијата во Тетово, за решавање на проблемот не се преземаа мерки туку се правеа само планови.

Владата пред две недели одбра фирма која ќе го дислоцира отпадот од тетовската депонија, а за депонијата која цело лето ги труе стружани, Владата најави дека ќе почне да се затрупува.

На почетокот на јули следуваше утврдување на флексибилно работно време на сите вработени во органите за државната управа. Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски соопшти дека почетокот на работното време ќе биде помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа. Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерството за внатрешни работи: подрачните отсеци во Секторот за управно – надзорни работи во Одделот за граѓански работи, како и во Министерството за одбрана – за одделенија за одбрана за регион со градовите и општините во состав. Во овие институции работно време ќе се одвива од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот, со време на работа од 08:00 до 16:00 часот.

Иако промените во работното време беа усвоени на почетокот на јули, тие почнаа да се применуваат од 1 септември, за институциите да имаат рок за прилагодување на измените. Владата во јули изгласа и дополнителни два денари по килограм за субвенција за производителите на лубеници.

Дополнителната помош беше изгласана за да се ублажи ценовниот шок со откупната цена на бостанот и стабилизирање на пазарот со откуп на лубеници во периодот од 03.07.2017 до 15.07.2017 година.

Договорот со Бугарија со кој оваа земја го призна македонскиот јазик беше објавен на 26 јули, а неколку дена подоцна, на 31 јули, премиерот Бојко Борисов дојде во дводневна официјална посета на Република Македонија. Август е месецот во кој новата Влада промовираше најмногу мерки, согласно ветувањата.

На први август Владата усвои предлог – закон за стечајците со кој околу 3000 лица ќе добиваат 7.596 денари месечно за што беа обезбедени средства од Буџетот.

Земјоделците добија директна поддршка со нови 10 милиони евра, а во рамки на задачата за враќање на парите кај граѓаните и справување со енергетската сиромаштија, а на 24.08.2017 Владата соопшти дека ја враќа евтината тарифа на струјата. По два часа денска евтина тарифа на струјата, секој работен ден и сабота од 14 до 16 часот, потоа секој работен ден евтина струја од 22 часот до 7 часот наутро и во неделите 24 часа евтина тарифа на струјата. Оваа мерка ќе почне да се применува во текот на октомври, кога ќе бидат подготвени сите неопходни услови за нејзино спроведување.

Минатиот месец за 50 отсто беа намалени цените на услугите кои се во надлежност на Агенцијата за катастар, а министерот за транспорт и врски најави и продолжување на рокот за легализација на бесправно изградените објекти заклучно со 3 март 2011 година.

Нови 12 месеци, сметано од 01 јануари до 31 декември 2018 година добија граѓаните кои претходно не успеале да поднесат барање за легализација, а нови 6 месеци, сметано од 01 јануари до 30 јуни 2018 година добија граѓаните кои за веќе поднесените барања не ја обезбедиле неопходната документација.

Владата донесе и одлука за стопирање на владините реклами на комерцијалните радиодифузери со исклучок на социјалните мрежи и најави дека на граѓаните ќе им се обраќа преку јавниот радиодифузен сервис.

Како остварување во првите сто дена на Владата се вбројува и воведувањето втора смена во градинките, мерка што требаше да почне да функционира од први септември, но голем дел од градинките се изјаснија дека немало интерес за воведување втора смена.

Новата Влада е на пат да го исполни и ветувањето дадено пред албанскиот електорат – законот за двојазичност. Зијадин Села, претседател на Движење за реформи во ДПА, во неколку наврати досега најави дека ако не биде усвоен законот за двојазичност во првите сто дена, тие ќе ја напуштат коалицијата. Законот за двојазичност е веќе во собраниска процедура.

М.И.П.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Протестираме за вашите деца оти утре ден не дај боже да се случи истото – татко кој загуби син ги повика кочанчани масовно да им се приклучат

Таткото кој го загуби синот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, го повика населението во градот масовно да излезе...

Топ7 часа

Скопјанец пијан ја тепал сопругата со чадор во Бутел, ползејќи и губејќи свест стигнала до дворот да повика помош

Семејно насилство во Бутел ја вознемири јавноста. Обвинителството поведе постапка против 54-годишен скопјанец кој во домот на улицата Бутелска ја...

Македонија8 часа

ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија9 часа

Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше...

Македонија10 часа

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа впечатлива и...

Македонија11 часа

Вештачката интелигенција постепено ќе навлезе во училиштата во Македонија, Јаневска подготвува документ со насоки

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го...

Македонија12 часа

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час...

Свет13 часа

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека израелската армија го убила командантот на меѓународниот огранок на Иранската револуционерна...

Македонија15 часа

Земјотрес во Охрид

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихеровата скала бил почувствуван синоќа во Охрид и околината. Според информациите на сеизмолошкиот...

Топ1 ден

Детали за несреќата во Охрид: возачот немал дозвола, поминал преку кружниот тек и на тротoар ја прегазил жртвата

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истрага против две лица за тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот, во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, меѓу нив и познати имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

Вишиот јавен обвинител казнет, намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и...

Македонија1 ден

Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи...

Македонија1 ден

Градоначалникот Мерко казнет со 10.000 евра за незаконското назначување на директори

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е проглаен за виновен од страна на судот за несовесно работење во службата поради незаконското назначувањето...

Македонија1 ден

(Видео) Повредените во Кочани ќе добиваат по два чифта компресивна облека на шест месеци и препорачливо е да ја носат две години

На 58 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани веќе им е дадена компресивна облека и носењето ги дава...

Македонија1 ден

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска...

Македонија1 ден

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија“, вели Кузеска

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред...

Македонија1 ден

Стопирана изградбата на објектот во охридската чаршија, инвеститорот немал одобрение

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам направи вонредна контрола на објектот во изгрaдба во Старата охридска чаршија, односно во заштитетната...

Македонија1 ден

Акиов: Не сум гомнар, туку борец за правда, чашата беше прелеана од советникот Алексов

Советникот Аки Акиов од Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР) преку социјалните мрежи, по насилниот инцидент, порача дека тој...

Топ2 дена

Удрил во метален столб, а потоа прегазил пешаци: загина охриѓанка, возачот уапсен

Вчера во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“...