Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорната влада на Заев ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ со 35 милиони денари инсталира ангографи во болниците низ Македонија со што постави високи европски стандарди на кардиолошката мрежа. Од друга страна, пак, новата влада на СДС за овие 100 дена на власт, освен што ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра, успеa неодговорно и расипнички да им ги потроши парите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Неодоговорната влада на Заев за 350 милиони евра можеше да набави околу 580 ангографи кои многу ќе им значеа на граѓаните. Расипничката влада не набави ниту еден, а граѓаните не знаат каде се потрошени нивните пари. Очигледно е дека за овие 100 дена владеење на Заев и СДС, здравјето на граѓаните е ставено во втoр план, a пак приоритет e луксузирањето и задоволувањето на нивните партиските војници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, се вели во соопштението, ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка.

„Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места. Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на оваа влада па затоа на 15-ти октомври, на локалните избори ќe и дадат црвен картон на СДС и нејзините расипнички политики“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај, рече новиот министер Николоски

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на Железница-Инфраструктура и на Јавното...

Македонија7 часа

Eкипа на Брза помош заглавенa во лифт во скопска Кисела Вода

Екипа на скопската Брза помош е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда во Кисела Вода, соопшти Центарот за...

Македонија8 часа

Кривична за Самка Ибраимовски поради закани кон уставен судија преку „Фејсбук“

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник доби кривична пријава поради закани кон уставен судија. Министерството за внатрешни работи...

Свет8 часа

Марк Руте и официјално нов генерален секретар на НАТО, Столтенберг заминува од чело на Алијансата по 10 години

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте е избран за нов генерален секретар на НАТО. Северноатлантскиот совет одлучи во средата на...

Македонија9 часа

Радев: Паднаа маските, власта во Скопје се плаши да препознае „Бугарин“ и „бугарскo“

Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е...

Македонија10 часа

Надлежните бараат решение, по зголемениот број на пријави за змии во државата

Вчера во Центарот за управување со кризи, директорот Стојанче Ангелов, одржа Координативниот состанок на тема “Загрозување по животот и здравјето...

Македонија10 часа

Хоџа по смената на директорката на Токсикологија: Горд сум што кадар како Бесија Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите

Претседателот на Европската демократска партија и член на коалицијата „Европски фронт“, Аријанит Хоџа со реакција по разрешувањето на економската директорка...

Македонија11 часа

ЦУК: Невреме и штети во Светиниколско и Неготинско

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2.281 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во...

Свет11 часа

(Видео) Џулијан Асанж е на слобода, стави крај на долгогодишната правна битка

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред американскиот суд во Саипан се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа...

Свет11 часа

(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода

Северните и централните делови на Италија беа зафатени од невреме, а во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо,...

Свет12 часа

За прв пат по повеќе од една година, разговараа шефот на Пентагон и рускиот министер за одбрана

Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави и Русија разговараа телефонски во вторникот за прв пат по повеќе од една...

Македонија24 часа

Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата

Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика...

Регион1 ден

(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и...

Топ1 ден

Осуденик во затворот „Идризово“ до смрт претепал друг затвореник: ОЈО нареди истрага за случајот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда од...

Македонија1 ден

Таравари ја разреши директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, разрешени и други директори

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја разреши од должноста в.д. економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, по најавите...

Економија1 ден

Мицкоски за инвестицијата на „Алказар енерџи“: 55 ветерници ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија

Ветерен парк со 55 ветерници, кои ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија, ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш....

Македонија1 ден

Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд...

Македонија1 ден

Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово

Ситуацијата со завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира. Од Центарот за управување со...

Македонија1 ден

Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да...

Свет1 ден

Објавени први снимки од Асанж на слобода

Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност „Белмарш“ во Велика Британија откако таму помина 1.901 ден. Високиот...