Daily news
Пристигна новиот пежо 308
Новиот пежо 308 со напредна технологија се појави на скопските улици и несомнено ги привлече сите погледи. Промените во дизајнот го поставуваат логото на брендот во прегратка на решетката од напред, каде заедно со новата линија на предниот браник и хаубата се преточени во совршенство со остри линии адекватно на вкусот на
софистицираниот клиент. Додека, пак, панорамскиот фиксен стаклен покрив и уникатниот светлосен потпис кај новиот 308 умешно ја совладуваат тишината во просторот.
Пежо 308 отсекогаш бил еден од најпродаваните модели на брендот, а по извршените модификации на дизајнот, технолошки напредните системи и ултраефикасните мотори се предвидува дека ќе остане во иднина. Дополнително овој модел е опремен со напредни системи за „помош при возење“, уште поголемо ниво на
безбедност и уживање, за што подобро искуство во возењето.
Во внатрешноста, PEUGEOT i-Cockpit® му овозможува на возачот целосна контрола со 9,7″ капацитивен екран на допир со поврзување, со 3D навигација и функционалниот Mirror Screen®.
За долги патувања, пежо 308 e модерен асистент со најсовремени технологии меѓу кои: детектор за замор, препознавање на знаци за брзина и препораки, автоматски кратки / долги светла, адаптивен темпомат и систем за предупредување за напуштање на лента. Кога станува збор за моторите новиот 308 доаѓа со три 3 цилиндрични PureTech верзии на мотор кои се уште поефикасни благодарение на заштедите во однос на нивната големина
и тежина.
Исто така новата генерација на PureTech 130 S&S бензински мотор со директно вбризгување и нов мануелен менувач со 6 степени на пренос ќе биде достапен кај новиот 308. Оваа нова верзија на мануелен менувач обезбедува поголеми перформанси во смисла на потрошувачка и задоволство при возењето. Новиот 308 ќе може да се поседува и со високо ефикасниот нов BlueHDi 130 S&S мотор кој воведува нов, компактен систем за контрола на емисиите. Емисиите се третираат уште при 2 изворот, но и кај издувот, обезбедувајќи помала потрошувачка на гориво за време на
возењето и поефикасна контрола на емисијата.
Толку економичен како мануелен менувач, новиот EAT8* автоматски менувач обезбедува брзи и флуидни промени на степенот на пренос, благодарение на новата моностабилна електрична опрема за менување на брзини Shift и Park со жица** и менувачи на педалите на управувачот. Елегантен, шик и целосно персонализиран… Новиот 308 го потврдува својот карактер со широк избор на додатоци и опрема за да одговара на вашиот животен стил. Од изборот на материјалот до бојата на шавовите, секој аспект на ткаенина се нуди со висок степен на префинетост на деталите, а достапни ви се и 10 високо-рафинирани бои. Ергономија, материјали, поврзаност … Го усовршивме секој детаљ за да ви овозможиме поинтуитивно возење.
*EAT8 (ефикасна автоматска трансмисија 8): нов автоматски менувач со осум степени на пренос достапен
од крајот на 2017 на GT верзија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.