Европа
Две жртви при гранатирање на Луганск

Две лица загинале, а седум се ранети при последното гранатирање на источноукраинскиот град Луганск, соопшти во петокот прес службата на самопрогласената „Народна Република Луганск“.
Според очевидци неколку гранати паднале во централното градско подрачје во текот на ноќта при што била убиена една жена и потешко бил повреден и еден маж кој бил префрлен во регионалната болница со повреда од проектил кој погодил станбен објект, соопштува прес службата.
Еден маж загинал од здобиени повреди од огнено оружје, а седум лица се здобиле со повреди од шрапнели од гранати кои паднале во населени места во повеќе делови во Луганск.
Неколку мини ја погодиле и регионалната онколошка клиника во Луганск при што причинета била голема материјална штета.
Во меѓувреме објавена е информација дека шефот на „Народна Република Луганск“, Валериј Болотов ја распуштил владата.
Министрите ќе продолжат да работат се додека не биде формирана новата влада, се наведува на сајтот на „Народна Република Луганск“.
За вршител на должноста премиер именуван е Марат Башаров, а причините за распуштање на владата се уште не се наведени, пренесува Итар – Тасс.
Градоначалникот на Луганск, Сергеј Кравченко, ги повикал сите страни во вооружените судири да престанат со воените акции и веднаш да седнат на преговарачка маса.
„Војната стигна во домовите на граѓаните, воената операција се одвива на улиците, луѓето умираат, гранатите уништуваат куќи и училишта“, порачал тој во соопштение, додавајќи дека гранатирањето на градот кој има половина милион жители е злосторство против сопствениот народ.
Градоначалникот побарал веднаш да псе престане со огнот и со уништување на градот и неговите жители.
„Секој разумен човек може да разбере дека сите судири, вклучувајќи тука и воени конфликти, треба да се решаваат со преговори на преговарачка маса, а не со бомбардирање и гранатирање на населени места“, изјавил Кравченко./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откако силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим, принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Слетал таму во 3:53 часот наутро, речиси три часа откако требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.
Европа
Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци од руското Министерство за одбрана.
Двата дрона што ги уништија руските противвоздушни единици летаа кон Москва, изјави градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.
„Службите за итни случаи работат на местото каде што паднаа остатоците (од дроновите)“, напиша Собјанин во објава на Телеграм, пренесува Ројтерс.
фото: принтскрин