Црна хроника
Фабриката во Сопиште поседувала соодветна дозвола
Компанијта ДПТ ИЦЕМАК ДОО од општина Сопиште, каде во четвртокот се случи немил настан, во кој потешко беа повредени тројца работници, поседувала согласнот за вршење дејност за пиротехнички средства.
Министерството за економија во петокот информира дека веднаш по инцидентот била формирана Комисија која ја провери целокупната документација по предметот и утврди дека ДПТ ИЦЕМАК ДОО поседува согласност на вршење промет на вооружување и воена опрема
Во документацијата друштвото има и Одобрение за производство и промет на пиротехнички производи за временска модификација, забава и обука издадено од МВР на 10.06.2009, согласно Законот за зашита од експлозивни материи и Законот за промет на експлозивни материи; Решение за вршење на дејност – промет на големо со хемикалии во посебен магацински простор, издадено од Министерство за здравство на 17.07.2009, како и Решение за употреба на предметниот деловен објект, издадено од посебно формирана комисија од експерти и претставници од МВР и МО, определена од Општина Сопиште за работилници за производство на пиротехнички производи и администрација.
Тројцата повредени, од кои двајца мажи и една жена на возраст од 27 до 59 години, и натаму се наоѓаат во критична состојба.
МВР информираше дека е извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на експлозијата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

