Daily news
Анѓушев: Не може со сила да се принудат луѓето да не се населуваат во Скопје
Не може со сила да се принудат луѓето да не се населуваат во Скопје, треба да им се создадат услови за живеење таму каде што се, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на трибината на тема „Рамномерниот регионален и локален развој – потреба за секоја функционална демократија“, организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“.
Според него, само 18 отсто од територијата на државата е покриена со канализациска мрежа, а во Скопје има споменици од милиони евра, што, како што рече Анѓушев, упатува на огромни развојни разлики.
Анѓушев нагласи дека сè уште не е јасна сликата колку средства се насочуваат кон планските региони и затоа се работи на развивање транспарентен механизам кој ќе помогне да се следи колку средства се наменети за планските региони по области и каде треба да се интервенира за да се обезбеди рамномерен развој.
На изјавата на Анѓушев, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека вицепремиерот излегол со нови лаги и манипулации.
„Тендерашот Кочо Анѓушев денес излезе со нови лаги и отворено манипулира. Кога Кочо Анѓушев говори за водоводи и канализации, прашуваме колку километри водовод и канализациска мрежа би можела да се изгради со 420 милиони евра, пари на граѓаните, што СДС ги потроши за помалку од четири месеци? Дополнително, колку проекти можеа да се изградат со 2,6 милиона евра колку што фирмата на Анѓушев сакаше да заработат од тендерот во ЕЛЕМ?“, се вели во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека само во Скопје во последниот мандат на градоначалникот Коце Трајановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ изградени се 176 водоводни и канализациски мрежи во должина од 57 километри.
„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ само во последниот мандат изградија или заменија над 700 км водоводни и канализациски мрежи“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.