Црна хроника
Тетовец со нож го убил својот брат
Тетовец со нож го убил својот брат попладнево во Тетово, по семејна расправија.
Педесет и тригодишниот тетовец кој бил избоден со нож, околу 13 часот бил донесен во Тетовската клиничка болница без знаци на живот. Десетина минути по настанот во тетовската полиција се самопријави неговиот две години постар брат. Тој го признал злосторот. Појаснил дека со брат му настанала голема караница, во која во еден момент изглегла од контрола, и тогаш тој посегнал по нож.Надлежни органи, јавен обвинител и полициска екипа извршиле увид на лице место. Таму бил пронајден е ножот со кој било извршено убиството и се работи на целосно расветлување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претреси во Битола, пронајдена дрога: уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
Ноќеска во 02:00 часот на улицата „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја.
Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Исто така ноќеска, во 01:05 часот на улицата „Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 40-годишниот О.Н. од Битола.
При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

