Контакт

Daily news

Филмаџиите на „Браќа Манаки“: Имаме одговорност да апелираме за важните теми во општеството

Објавено пред

Четвртиот фестивалски ден на „Браќа Манаки“ поминува во знакот на големите кинематограферски имиња. Мастер-класа со Кристијан Бергер во соработка со „Првите филмови на прво место“, филмска проекција за најмладите, како и голем избор на филмови за љубителите на европското кино и документарните филмови.

dobivaj vesti na viber

Уметничката директорка на фестивалот, Гена Теодосиевска, денеска го претстави и годинешното жири кое ќе ги оценува кинематограферите на филмовите од главната компетиција за „Златна камера 300“. Претседател на жирито е Пол Рене Ростад од Норвешка, а останатите членови се Лука Коасин од Италија, Јани Петери Паси од Финска, македонскиот режисер Даријан Пејовски и  Ерол Зубчевиќ од Босна и Херцеговина.

Претседателот на жирито, Пол Рене Ростад, истакна дека не е лесна работа да се оценат толку добри кинематографери, тоа, според него, е како да бираш помеѓу ремек дела на Ван Гог или Рембрант, но за тоа имаат три критериуми по кои ќе водат при изборот:

„Најпрво го оценуваме фрејмот, потоа употребата на светлото и, се разбира, креативноста на кинематограферот“, рече Пол Рене додавајќи дека е среќен и почестен што се наоѓа на фестивалот во Битола, кој според него е најшармантниот филмски фестивал кој го посетил.

За искуството да се биде дел од жири-комисија, сите членови се согласија дека не е лесна работа да се оценува делото на друг кинематографер, а во процесот и самите можат да научат многу.  „Кога го набљудуваш начинот на кој младите кинематографери го преведуваат јазикот на режисерот во емоција, неизоставно учиш и самиот“, вели Лука Коасин.

Јани Петери Паси, минатогодишниот добитник на „Златна камераа 300“, истакна дека детектирајќи ги туѓите грешки, потоа самиот внимава да не ги повторува, а Даријан Пејовски рече дека е интересно искуство да се биде единствениот режисер во жирито составено од кинематографери. Лука Коасин, пак, беше пријатно изненаден кога Гена Теодосиевска на крајот на прес-конференцијата му ја врачи Малата златна камера 300, која ја освои на минатогодишното издание на „Браќа Манаки“, но до сега статуетката не успеала да стигне во негови раце.

Филмот „Жаба“, кој синоќа беше прикажан како дел од официјалната компетиција, наиде на одличен прием и воодушевување кај македонската публика. Приказната за справувањето со поствоената траума на главниот лик, работена по сценарио на Пјер Залица и Елмир Јукиќ, доживеа огромен успех и во својата филмувана верзија, како и претходно – како театарска претстава. За филмот говореа продуцентот Адемир Кеновиќ,македонскиот кинематографер Дејан Димески, режисерот Емир Јукиќ и копродуцентот Томи Салковски.

На „Жаба“ работеше и македонски тим, како дел од сложената копродукција помеѓу Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Продуцентот Адемир Кеновиќ влегол во проектот бидејќи смета дека поствоениот стрес е тема која е многу значајна за овие простори, но ваквите теми во филмовите не треба да имаат цел да ги заплашат луѓето туку баш напротив, да извлечат нешто позитивно од тоа:

„Уште кога ја погледнав театарската претстава  ‘Жаба’, си помислив дека ова треба да го видат многу повеќе луѓе, и бев пресреќен што околностите се склопија така да се направи и овој филм со кој луѓето можат да се идентификуваат и да го доживеат како една своевидна колективна терапија. Ние како филмски работници имаме одговорност да ги адресираме овие теми и да се трудиме преку она што го работиме да ги поместиме работите во општеството на подобро“, рече Кеновиќ.

Продуцентот Томи Салковски, пак, рече дека е презаситен од пост воени филмови, но откако стигнал до крајот на сценариото сфатил дека ова е всушност оптимистички филм за нов почеток.

„Ова е значајна тема, која ни докажува дека имаме сили во нас и можеме да почнеме одново. Среќен сум што сите екс-ју држави ја увидоа важноста на темата и се приклучија како копродуценти. Македонскиот дел од тимот учествуваше со своја екипа на сниматели и во делот на звукот“, рече Салковски.

Режиерот Елмир Јукиќ истакна дека приказната воопшто не е ограничена на балканскиот простор туку совршено добро би функционирала и во поширок контекст. Кинематограферот Дејан Димески околу неговиот дел од работата истакна дека било предизвик да се работи во затворена просторија со многу прозорци и огледала и со долги кадри, кои би ја доловиле енергијата и изведбата на актерите – кон кои било прилагодено снимањето.

Рајнер Клаусман, кинематограферот кој во последните неколку години работи исклучиво во тандем со режисерот Фатих Акин, со својот последен филм „Од ништо“ наиде на огромен интерес кај фестивалската публика, со својата тематика, како и квалитетот на ова ново остварување на Акин. Клаусман е добитник на „Златна камера 300“ со филмот кој исто така го работел со Фатих Акин „Со глава во ѕид“, а на фестивалот учествувал и со филмот „На работ на рајот“.

На прашањето како го постигнал квалитетот на филмот, Клаусман одговори дека неколку работи може да ги издвои како најзначајни: „За ваков филм најпрво ви е потребно добро сценарио, потоа добар режисер и, се разбира, добри актери. Актерката Дијан Кругер имаше навистина одлична изведба, што морам да признаам дека ме изненади бидејќи претходно не бев многу запознат со нејзината работа“, вели Клаусман.

Тој како кинематографер има доста интересен пристап кон работата, а вели и дека повеќе работи од  стомак отколку со мозок. „Немам ригиден концепт во работата. Доколку нешто било однапред испланирано, но условите на сетот бараат промена, тогаш веднаш правам промена. Искрено, работам повеќе од стомак отколку со мозок“, вели Клаусман.

За ексклузивноста која ја има во работата кон режисерот Фатих Акин, објасни дека морал да направи избор, а со тој режисер имаат најмногу разбирање и одлично функционираат како тим:

„Во еден период од мојата кариера имав премногу работа, со тимот се гледав повеќе отколку со сопругата и морав во еден момент да донесам одлука. Решив да работам само со Фатих и да не прифаќам работа со други режисери бидејќи тој е навистина одличен режисер во секој поглед“,  заклучи Клаусман.

Легендарниот француски мајстор на кинематографијата, Пјер Лом, добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело на 38. ИФФК „Браќа Манаки“, синоќа во малата сала на Центарот за култура во Битола зборуваше за својата филмска работа. Разговорот со Лом го водеше англискиот филмолог Најџел Волтерс: „Да се биде кинематографер е сериозна работа и не е шега бидејќи луѓето што се вклучени во снимањето филмови го вложуваат целиот свој живот, а тука мислам не само на кинематограферите туку и на режисерите, актерите, монтажерите, продуцентите, и сите тие не се филм-мејкери, туку се синема-мејкери“.

Лом објасни дека ако сакате да се занимавате со правење филмови мора да го познавате најважниот дел, а тоа е камерата. Иако на почетокот многу се интересирал за музиката, особено за џезот, сфатил дека нема таков талент и ентузијастички се посветил на филмската камера, на почетокот снимајќи документарни филмови низ Париз, за во денешно време да стане еден од најзначајните кинематографери во филмската историја

Од главната компетиција за „Златна камера 300“ денес ќе се прикажат филмовите „Фелисити“ и „Без љубов“. Во програмата европски перспективи ќе се прикаже филмот „Викторија“, а во документарната програма филмот „Операција свадба“. Од програмата земја во фокус, љубителите на филм ќе можат да го погледнат австрискиот филм  „Илјадачасовна ноќ“ и данскиот „Да ја скратиме приказната“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ16 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија18 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија18 часа

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија19 часа

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија19 часа

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија19 часа

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија20 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија20 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија21 час

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија22 часа

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет22 часа

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет22 часа

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет23 часа

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет24 часа

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет1 ден

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион1 ден

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа1 ден

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет2 дена

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...

Македонија2 дена

Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта

СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската...