Црна хроника
Референт во банка украл 10.000 евра од сметка на клиент

Референт во експозитура на Универзална ивестициона банка во Струмица украл 10.000 евра од сметка на клиент, соопшти Министерството за внатрешни работи.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.С.(55) од Струмица за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“.
Тој во три наврати од сметката на клиент на банката подигнал парите, а за подигнатите парични средства изготвил банкарски документи-девизни исплати.
За да го прикрие делото, на местото на документите назначено за потпис на примателот ставил потпис во име на сопственикот на сметката како тој да ги има подигнато паричните средства.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.