Контакт

Daily news

Груевски: Владата ги притиска медиумите да прикажуваат розова слика

Објавено пред

Новата власт ги разреши старите и постави нови некомпетентни кадри иако би требало оние што се стручни работници да се задржат заради граѓаните, но тие ги сменија сите и назначија нови луѓе што се истакнаа претходно со боењето на институциите во Македонија. Таму каде што требаше кадар со факултет, тие назначија со средно училиште, некаде каде што требаше со Земјоделски факултет – тие поставија луѓе со Машински, некаде каде што требаше со Електрофакултет, тие ставија со Економски. Во МЕПСО ставија правник наместо човек со завршен Машински или Електрофакултет и тие немаат гајле, кој го прашува народот, кој ги прашува законите, а за сето ова народот ќе каже на 15 октомври, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од митингот во Неготино.

dobivaj vesti na viber

Според него, власта ги притиснала медиумите за прикажување порозова слика и народот да не може да ги почувствува новата атмосфера и помрачувањето што владее во Македонија.

„Тие почнаа и со притисок врз судиите во Македонија, а најзагрижувачки е што почнаа со еден некоректен однос кон странските инвеститори кои во Македонија значат работа, значат вработувања на невработените и кон нив имаат однос како тие да сакаат да дојдат да нè украдат и да си одат, а всушност се работи за компании што својата заработувачка сакаат да ја изградат преку фабрики и да вработат наши граѓани“, вели тој пред жителите на Неготино.

Зборувајќи за програмата на идниот градоначалник, Златко Пенков, потенцира дека предвидува многу реални проекти за патната инфраструктура, најави дека ќе се реконстуираат улици, тротоари, ќе се изградат минимум три кружни тека во  вредност од 63 милиони денари, ќе се изврши асфалтирање на сите неасфалтирани улици во Неготино и на секој жител ќе му се овозможи пристап до асфалтиран пат.

На митингот беше ветена и изградба на нова филтер-станица за прочистување на водата, ќе се изгради нова фекална канализација и за комуналното претпријатие ќе се набават нови возила и ќе се купат нови контејнери, а ќе се исчистат и сите канали во општината за граѓаните да имаат почиста средина.

Осврнувајќи се на закажаните референдуми за мигрантите, Груевски рече: „Немаме ништо против мигрантите и нив ги снашло мака и навистина многу им помагавме кога поминуваа низ Македонија со цела хуманитарна помош, здравствени прегледи, транспорт и тие тоа го бараа од нас и не сакаа да останат тука. Но, сега нашата нова власт, за да добие некој поен надвор, ветила дека ќе земе мигранти тука кај нас и сосила ќе ги насели, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Kандидатот за градоначалник на Неготино, Златко Пенков, порача дека 15 октомври е денот кога ставаме пресек и еднаш засекогаш на оние што ѝ мислат лошо на Република Македонија.

„Повеќе од сигурен сум дека сите вие знаете да го направите вистинскиот избор, а тоа е коалицијата „За подобра Македонија“, кандидатот за градоначалник и советничката листа со број 13. Секогаш имам само една мисла што ме води, граѓаните, пред сè, на општина Неготино. Секогаш пред мене стојат две работи, тоа се работни задачи и резултати исполнувајќи ги во интерес на граѓаните на општина Неготино“, рече Пенков.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

(Во живо) Последниот брод сè уште плови кон Газа, Израел објави забрана за влез

Последниот брод во меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, според организаторите, откако околу 40...

Свет33 минути

Трамп: Ако продолжи блокадата на владата, ќе има отпуштања

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека федералните работници би можеле да бидат отпуштени, а проектите би можеле да бидат...

Европа2 часа

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол...

Европа9 часа

(Видео) Орбан: Посилни сме од Русија; Туск: Ми се допаѓа кога ги користи моите аргументи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повтори дека Европската Унија не треба да се плаши од Русија бидејќи е посилна од неа...

Топ9 часа

(Видео) Пронајдени и санкционирани лицата што дивееја со возило по „Партизанска“

Во врска со објавената снимка на социјалните мрежи на 30.09.2025 година на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје на која гледа...

Соопштенија10 часа

(Видео) Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс

Со катастрофални економски политики, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во целосен економски колапс, истакна Претседателот на СДСМ, д-р Венко...

Соопштенија10 часа

Мицкоски: Димче и Левица обработуваат за новиот стопан Али, затоа имаат кандидати во Струга и Тетово, а не и во Велес и Штип

На денешниот народен митинг во Виница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека на отворена сцена се гледа една непринципиелна...

Европа11 часа

(Видео) Путин: Невозможно е да се користат ракети Томахавк без директно учество на американската војска, а тоа би ги ескалирало односите меѓу Русија и САД

Путин коментираше за можноста САД да испорачаат крстосувачки ракети со долг дострел „Томахавк“ на Украина. „Ова оружје нема да ја...

Македонија14 часа

Камион излета од магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка, сообраќајот во прекин

Од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков е во прекин за сите возила...

Македонија18 часа

Извештајот, по сомневањата за непотребни операции на срце, ќе биде јавно достапен, но откога и нашите и странските експерти ќе го завршат

Странските експерти сѐ уште не се вклучени во анализата дали во 13 пријавени случаи имало непотребно направени операции на срце по...

Македонија19 часа

Членка на Судскиот совет користела патни трошоци иако немала право: МВР поднесе кривична пријава

На 15.09.2025 Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и...

Македонија19 часа

Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката  

Лекари од кај нас ќе одат на обуки и во Италија и во Австрија покрај Словенија за каде што веќе...

Македонија20 часа

(Видео) Костовски и оваа изборна кампања ветува поликлиника во Бутел: За два месеца, ќе почне да се гради, за 18 месеци ќе да биде завршена

За два месеца, ќе биде поставен камен-темелник за нова поликлиника во Бутел, а ќе биде изградена за 18 месеци, најавија...

Македонија20 часа

(Видео) Редиците пред шалтерите треба да бидат минато, целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, најави Мицкоски

Живееме во време кога дигиталните решенија не се прашање на избор, туку на опстанок и на напредок. Западен Балкан не...

Македонија23 часа

МВР го објави регистарот на напади врз новинари

Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница постави линк до регистарот на напади врз новинари, кој води до страницата на...

Свет1 ден

Трамп бара универзитетите да го ограничат запишувањето странски студенти ако сакаат федерални пари

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп побара од американските универзитети да потпишат договор што ги содржи условите за добивање преференцијален пристап...

Свет1 ден

Израелски министер: Палестинците што ќе останат во градот Газа ќе се сметаат за терористи

Израелската влада им нареди на сите преостанати Палестинци да го напуштат градот Газа. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, рече...

Свет1 ден

Финскиот премиер предупредува на руски закани за цела Европа

Европската Унија треба да преземе невидени овластувања за да се одбрани од сè поизразените закани од Русија, изјави финскиот премиер,...

Свет1 ден

Г7: Ќе ги таргетираме оние што ќе продолжат да купуваат руска нафта

Министрите за финансии на Г7 изјавија дека ќе преземат заеднички чекори за зголемување на притисокот врз Русија, таргетирајќи ги земјите...

Македонија1 ден

(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест...