Контакт

Daily news

Сведок тврди: Грујовски ми се јави лично да дојдам за уништување на документацијата 

Објавено пред

Кривичниот суд во Скопје на главната расправа почна со сослушување на сведоците во случајот „Тврдина 2“ за незаконско уништување на документацијата за системите за прислушување, во кој првообвинет е ескшефот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, кој е во бегство, како и шест службенички во Управата.

dobivaj vesti na viber

Првиот сведок, вработен во МВР, одби да сведочи пред судот бидејќи е син на една од обвинетите. И двајцата се вработени во МВР. Според Законот за кривичната постапка, сведокот, кој е во крвно сродство со обвинет, има право да не даде исказ. Судијката Лидија Петровска праша дали има уште некој од сведоците кој е во роднинска врска со обвинетите.

Вториот сведок, исто така вработен во МВР, потврди дека на денот кога било закажно уништувањето на документацијата, лично му се јавил Горан Грујовски да присуствува на чинот. На директното испрашување обвинителката Ленче Ристоска го праша сведокот кога точно се случил настанот, а тој одговори дека тоа се случило во 2015 година, но не можеше да се сети на датумот. Сведокот потврди дека уништувањето на документацијата било во базата „Брест“, како и многу слични уништувања што се случувале и претходно.  Она на што се сеќава е дека блиску до него имало канистер со вода и противпожарен апарат. Лицето што сведочеше потврди дека ги познава обвинетите како колеги и дека некои од нив биле присутни на денот кога била уништена опремата.

В. Маглешов

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Полјачка на миса за Меди МекКан: „Јас сум Меди. Не сум лажга. Направете ДНК тест“

Родителите на Медлин МекКен вчера вечерта не беа на бдеењето одржано по повод 17-годишнината од исчезнувањето на девојчето. Меѓутоа, на...

Свет5 часа

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека издавањето налог за апсење од страна на Русија за претседателот Володимир Зеленски е...

Свет8 часа

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“ се доказ дека алијансата се подготвува...

Топ10 часа

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се...

Македонија10 часа

Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието, затоа ја повикувам меѓународната заедница будно да го следи процесот

Ако ме прашувате за изборните нерегуларности кои што беа случај во првиот изборен круг, а за кои причина беше Демократската...

Топ11 часа

Уапсени крадци на автомобили – ги расклопувале за делови

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш.Н.(68) од Липково, поради постоење...

Македонија11 часа

Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев – одбележана 121 годишнина од неговото загинување

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова...

Регион13 часа

Тито почина пред 44 години. Дали беше херој или злосторник?

На денешен ден, пред 44 години, во Љубљана почина Јосип Броз Тито. Кој беше тој? Изгледа, за кого како. Кој...

Свет13 часа

Блинкен: Хамас е единствената пречка за прекин на огнот во Газа

Палестинското исламистичко движење Хамас останува „единствената пречка меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот“ со Израел, изјави вчера американскиот...

Македонија14 часа

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ1 ден

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија1 ден

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион1 ден

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија1 ден

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија1 ден

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија1 ден

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија2 дена

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија2 дена

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет2 дена

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа2 дена

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...