Европа
Камерон во Брисел ќе ја води битката за Британија
Британскиот премиер Дејвид Камерон по доаѓањето на самитот на Европската унија во Брисел во четвртокот изјави дека очекува оти нема лесно да се постигне договор за условите на Велика Британија за нејзиното останување во ЕУ порачувајќи дека ќе ја води „битката за Британија“.
„Пред нас денеска и утре е важна работа и ќе биде тешко. Ќе ја водам битката за Британија. Доколку можеме да постигнеме добар договор ќе го прифатам, но нема да прифатам договор кои не ги задоволува нашите потреби. Мислам дека многу поважно е сé добро да се стори, откако набрзина да се договори што и да е. Со добра волја, со напорна работа можеме да постигнеме подобар договор за Британија“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон по пристигнувањето во Брисел.
Пред неговото доаѓање, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на прес-конференција изјави дека е „прилично сигурен“ дека на самитот во четвртокот и петокот ќе биде постигнат договор којшто ќе го овозможи останувањето на Велика Британија во Европската унија. Додаде дека преостанале да се решат некои прашања, меѓу нив и прашањето на ограничувањето на социјалните права за работниците од другите земји членки кои работа во Велика Британија.
Британското прашање е главната тема на самитот на ЕУ кој започна во четвртокот попладнето. Британскиот конзервативен премиер Камерон на почетокот од 2013 година им вети на Британците, дека доколку победи на парламентарните избори пролетта 2015 година, ќе организира референдумот до крајот на 2017 година за останување или излегување на Велика Британија од Европската унија. Претходно, како што се обврза, ќе се обиде да постигне договор за реформите кои би ги задоволиле британските барања и коишто би го овозможиле останувањето на неговата земја во ЕУ, а референдумот би можел да се одржи веќе во јуни годинава.
Основа за дебата во Брисел за британските барања ќе биде предлог договорот што на почетокот од февруари го објави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по неговата посета на Лондон.
Според предлозите на коишто се работеше изминатите месеци, националните парламенти ќе имаат поголеми овластувања при носењето на европските закони, Се предлага 55 отсто од 28-те национални парламент, односно 16 да можат да ги спречат или да ги променат законите во постапката на носење.
Предлогот вклучува и одредби за ограничување на социјалните надоместоци за работниците од другите членки на ЕУ, во случај на преоптовареност на социјалните институции на земјите членки, што е едно од најжешките британски барања бидејќи зафаќа во слободата на движењето на луѓето, што се смета за едно од темелните начела на ЕУ, иако според тврдењето на Туск тоа со предлогот не е прекршено.
Една од најспорните прашања во оваа точка е детскиот додаток за децата на работниците од другите земји членки коишто не живеат со родителите во Британија, за кој се предлага ваквите надоместоци да се индексираат според социјалните права во нивните земји. Тоа значи дека, на пример, полски работник чиишто деца се со него во Британија добива повеќе од својот колега на истото работно место и со ист број деца, но кои живеат во Полска./крај/мф/сн
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

