Црна хроника
Скопски измамници оштетиле повеќе фирми за 2,6 млн денари
Тројца скопски измамници оштетиле повеќе правни лица во износ од 2.6 милиони денари во временски период од јули 2012 до февруари 2013 година со лажно прикажување факти за правно лице кое всушност било со блокирана сметка.
Измамниците биле откриени откако во полицијата во декември стигнала пријава против нив од страна на А.Ј. управител на ДПТУ „Бај мелк” ДОО кое се занимава со преработка на млеко и млечни производи со седиште во село Требиште, општина Маврово-Ростуше.
Од извршенот разговор со пријавителот, полицијата констатирала дека во текот на ноември 2012 година тројцата пријавени, Б.З. (75), Е.Н. (52) и Р.Ј. (40), сите од Скопје, дошле во просториите на неговата фирма и се сретнале со него, при што Б.З. се преставил како управител на друштвото „Трго тет гроуп” ДООЕЛ Скопје, а Е.Н. и Р.Ј. како вработени во истото друштво. Притоа, тие се претставиле како заинтересирани купувачи на земјоделско-сточарски производи и добри стопанственици, додека правното лице „Трго-тет груп” ДООЕЛ го претставиле како наводно добростоечко, ликвидно и со добар бонитет, прикривајќи го фактот дека истото во тој период има блокирана жиро-сметка. Воедно изјавиле дека нивната фирма во моментот соработувала со детски градинки на подрачјето на град Скопје поради што имале потреба од набавка на производите од од фирмата на оштетениот А.Ј.
На 28.11.2012 година меѓу двете наведени правни лица преставувани од управителите А.Ј. и Б.З., бил склучен и потпишан Договор за деловна соработка, по што согласно договорот, од страна на оштетеното друштво во наредниот период во три наврати со пет испратници до „Трго-тет груп” биле испорачани разни стоки во вкупна вредност од 834.000 денари, и тоа доставувани со превозно средство во сопственост на оштетениот односно неговата фирма.
За наведеното секогаш била сочинувана соодветна писмена документација – испратници, со наведен рок за плаќање од 15 дена и приемот лично го потпишувал Б.З., додека превозните трошоци-транспортот во износ од 2.000 денари го исплаќала Е.Н. која се претставувала како секретарка.
Откако по подолг временски период не било извршено никакво плаќање, испораката била прекината и по повеќе обиди од оштетениот да оствари контакт со должниците тој не успеал да ги пронајде, а тие веќе биле отселени и од просториите каде што дотогаш работеле.
Од Централен регистер обезбедена е тековната состојба, историјатот со промени и историјатот на банкарските сметки за „трго-тет груп” ДООЕЛ Скопје, а од „АЛФА Банка” АД Скопје обезбедена е листа на блокади на сметката на истото правно лице. Од увидот во таа документација е утврдено дека правното лице е основано на 06.02.2011 година, сопственик и управител е Б.З и сметката на правното лице била континуирано блокирана почнувајќи од 15.10.2012 година.
Исто така, од страна на СВР против тројцата пријавени до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава од 23.08.2013 година поради постоење на основано сомнение дека сториле уште едно кривично дело – „измама” по чл.247 од КЗ и дека оштетиле повеќе правни лица во износ од 2.666.547 денари во временски период од јули 2012 до февруари 2013 година со лажно прикажување на факти дека правното лице „Трго-тет груп” ДООЕЛ Скопје е добростоечко, ликвидно и со добар бонитет прикривајќи го притоа фактот дека истото има блокирана жиро сметка.
Инаку, тројцата пријавени се веќе познати на полицијата и тоа: против Б.З. се поднесени 12 кривични пријави за извршени вкупно 100 кривични дела од кои половината се кривични дела измама како и кривични дела од областа на имотните деликти и економскиот криминал, за кои, пак, од страна на надлежен суд му се изречени 31 казна затвор, од кои три се условни и две парични казни; потоа против Е.Н. се поднесени четири кривични пријави за сторени кривични дела измама од кои за едно од надлежен суд нејзе и е изречена условна казна затвор; и против Р.Ј. поднесени се 20 кривични пријави, за извршени вкупно 34 кривични дела од кои 22 се измами а останатите од областа на ЈРМ и имотните деликти, за кои од надлежен суд му се изречени 16 казни затвор од кои 10 се условни и три парични казни./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

