Контакт

Daily news

Порака на министрите од Шведска и Финска до Заев: Иднината на Македонија е во ЕУ

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министрите за надворешни работи, Никола Димитров, за образование и наука, Рената Дескоска, и за труд и социјална политика, Мила Царовска, се сретна со министрите за надворешни работи на Кралството Шведска, Маргот Валстром, и на Република Финска, Тимо Соини.

dobivaj vesti na viber

„Иднината на Република Македонија е во ЕУ, ги охрабруваме и ги поддржуваме реформите на Владата што водат кон евроинтеграции на земјата“, е пораката што ја пренесоа министрите од Шведска и Финска, на премиерот Заев. Министрите Валстром и Соини изразија почитување за политиките на пријателство што ги водат премиерот Заев и Владата и низ коишто ги решаваат прашањата од интерес за сите граѓани и за државата. Исто така, двајцата министри ги соопштија ставовите на нивните држави за поддршка на проширувањето на ЕУ.

Заев соопшти дека Владата низ инклузивни политики во земјава и добри пријателски односи со соседите ги отвора евро-атлантските перспективи затоа што стратешка цел на Македонија е членството во ЕУ и НАТО, што за државата значи стабилност и безбедност, но и поголем интерес за инвестирање во Македонија и развој на економијата.

„Веќе ги заокруживме реформите од тримесечниот рок предвидени во планот 3-6-9 со коишто градиме независни институции, судство, медиуми… според европските стандарди, а со тоа ќе го подобриме и квалитетот на живот на граѓаните“, рече премиерот Заев, кој пренесе и очекување за позитивни придвижувања на Македонија, но и на целиот регион кон евро-атланските цели.

Заев се заблагодари на шефовите на дипломатиите на Шведска и на Финска за поддршката и пријателството кон земјава и најави примена на успешни примери од двете држави во реформските процеси во земјава, како што се искуства од успешниот модел на образованието во Финска и одржливите решенија од моделот на обновливи извори на енергија од Шведска.

На средбата е заклучено дека евро-атлантските перспективи ќе значат за Република Македонија и за целиот регион напредок на економски план, социјален развој и мирна иднина, што ќе ги мотивира младите луѓе да ја гледаат и планираат својата иднина во родната земја. Констатирано е, исто така, дека добра иднина за сите носи концептот на Владата за изградба на Република Македонија во едно општество за сите.

Заедничката посета на министрите за надворешни работи на Шведска и на Финска, кои споделија искуства за посветено заедничко решавање на прашања од интерес на граѓаните на двете земји, е заеднички оценета како силна позитивна порака, колку е важно меѓусебното почитување на соседите и државите, што води кон заеднички напредок и успех.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Понеспособна влада сме немале никогаш досега, ќе се бориме за доброто на државата

СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани, кажа вечерва на...

Македонија9 часа

ЦУК: Планинар од Скопје поради лошите временски услови изгубил ориентација на Кожуф, за брзо е пронајден

Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, информираат од Центарот за управување со кризи. Во 13:15...

Македонија11 часа

Таравари бара отворање на истрагите за Дурмо Турс, Беса Транс и модуларна, но и целосна истрага за Кочани без влијанија

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, на денешниот партиски состанок донесе резолуција со која повика на независна и транспарентна истрага...

Македонија13 часа

Уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани, рече Мицкоски за царините на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, за...

Македонија16 часа

(Видео) Приведен прилепчaнец поради видеото со пукањето од балкон, се трага по уште едно лице

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поврзан со видеото со пукањето споделено на „Фејсбук“. МВР трага и по...

Свет17 часа

(Видео) Киев под руски напад

Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев рано утринава по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и...

Свет18 часа

Во САД протести против Трамп: „Рацете подалеку од нашата демократија“

Во делови од САД вчера беа одржани околу 1.200 протести под името “Hands Off!” во знак на спротивставување со политиката...

Македонија1 ден

(Видео) Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од...

Топ1 ден

Притвор за 15-годишно дете кое неколкупати силувало 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа

Да се воведат механизми кои нема да дозволат билатерални спорови да се пречка за остварување на заедничка цел, порача премиерот...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба

Министерството за здравство информира дека во моментов 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното

Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Со Тошковски на чело, МВР е во хаос – бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад

Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена

Левица и Апасиев во директен договор со Извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена, кажа денеска...

Македонија2 дена

Словенија ја поддржува реформата на јавната администрација во Македонија

Министерот за јавна администрација на Република Словенија, Франк Пропс, во рамки на својата официјална посета на Скопје, одржа интензивни работни...

Македонија2 дена

Семејствата на починатите во кочанската дискотека денеска излегуваат на протест

Семејствата на починатите во кочанската дискотека организираат „Марш за ангелите“. Протестот ќе се одржи денеска во 12:05 часот. Маршот ќе...

Свет2 дена

САД почнаа да ги наплаќаат новите царини на Трамп од 10%

Американските царински службеници почнаа да ја наплаќаат едностраната царина од 10 отсто на претседателот Доналд Трамп за сите увозни производи...

Македонија2 дена

Денеска облаци и сонце, утре дожд и снег

Утре голема промена на времето. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за развој...

Македонија2 дена

(Видео) „Поршето“ во Дебар маало не било на полицаец туку на ексамбасадорот Срѓан Керим

Паркираното „порше“ во Дебар маало не било на полицаец, туку било во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи,...