Црна хроника
Украдени 5.800 евра од куќа во Прилеп
Пари и златен накит во вредност од околу 5.800 евра биле украдени од куќа на улица „Цане Коњарец“ во Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во четврток, кога непознат сторител со употреба на физичка сила успеал да влезе во куќата сопственост на Д.Ј. (60) од каде што одзел 3.900 австралиски долари, 1.800 евра, 48.000 денари, златен накит, причинувајќи материјална штета од околу 350.000 денари или 5.800 евра.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Запален „мерцедес“ во Центар, огнот зафатил и „ауди“
Утрово во 05.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Центар настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т.(49) од Скопје.
Од пожарот било зафатено и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Увид бил извршен.
Црна хроника
Работник ги пријавил сопствениците на скопска фирма дека го натепале
Синоќа по полноќ, М.Л.(37) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 19.00 часот бил физички нападнат од сопствениците на фирмата во која работел во селото Ржаничино, скопско.
МВР соопшти дека по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Кривична за стружанец кој исфрлил ѓубре од трактор на нива па го запалил
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.М.(63) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 06.09.2024 , пријавениот во трактор натоварил ѓубре, по што го исфрлил на нива и го запалил, соопшти МВР во дневниот билтен.