Контакт

Daily news

Десет години од смртта на Тоше Проески

Објавено пред

На денешен ден пред 10 години загина Тоше Проески, кој Македонија и регионот го паметат по неговиот глас и хуманост.

dobivaj vesti na viber

Тоше Проески на 16 октомври 2007 година трагично настрада на 26-годишна возраст во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац во Хрватска. Во мигот на несреќата Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото „фолксваген туарег“, кој со голема брзина удрил во приколката на камионот пред него и потоа во заштитна ограда на патот.

Другите двајца патници – возачот Ѓорѓе Георгиевски помина со потешки, а менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, со полесни повреди.

Денот на погребот на Тоше, 17 октомври, беше прогласен за ден на жалост.

Тоше Проески студираше соло пеење на академијата во Скопје како еден од најдобрите студенти во својата генерација, а својот прекрасен вокал продолжи да го усовршува во Њујорк, кај познатиот професор по пеење Вилијам Реј, кој го подучувал и Лучијано Павароти.

Македонецот со ангелски глас во 2004 година беше именуван за регионален амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. Исто така, добитник е и на хуманитарната награда „Мајка Тереза“.

Во текот на својата кариера Тоше сними десет албуми, а последниот на кој работеше беше „Игри без граници“. По неговата смрт, беа објавени уште три албуми со негови песни.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Во тек голема акција: Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, има приведени

Во тек е голема акција на финансиската полиција во Прилеп, поврзана со сомнежи за криминал во работењето на прилепската болница....

Македонија6 часа

Еден осуденик месечно ја чини државата околу 1.000 евра, Пандов рече дека пробацијата не се користи доволно

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, изјави дека државата месечно троши околу 1.000 евра за еден осуденик,...

Свет6 часа

Пропадна најавениот самит меѓу Трамп и Путин

Планираниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта до...

Македонија7 часа

Ѓорѓиевски и Мециновиќ ќе се соочат на дебата

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја прифати поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар...

Македонија8 часа

Министерството за здравство: Немаме долг кон „Комунална хигиена“

Министерството за здравство соопшти дека, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, демантирајќи...

Македонија8 часа

Арсовска: Мицковски несреќо, на кого се закануваш, за ѓубрето низ Скопје се одговорни твоите градоначалници

„Мицковски несреќо, на кого се закануваш, објави на социјалните мрежи градоначалничката нa град Скопје во заминување, Данела Арсовска, откако Владата...

Македонија9 часа

Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена

Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница...

Македонија11 часа

Над 3.000 евра за квадратен метар – стан во Центар од 91 м2 е продаден за 280.000 евра

Најголема постигната цена на стан за квадратен метар во периодот јули – септември е 189.231 денар или речиси 3.000 евра,...

Македонија12 часа

Ново поглавје во неврохирургијата: на Клиниката во Скопје првпат изведена операција на мозок со помош на системот за стереотаксија

Mинатата недела на Клиниката за неврохирургија првпат се изведе операција на мозокот со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic...

Топ12 часа

Трошела пари за патувања во странство: поднесено обвинение за поранешна директорка на ученичкиот дом „Мирка Гинова“

Основното јавно обвинителство Битола, по спроведена претходна постапка, до надлежниот суд поднесе обвинение против поранешна директорка на Државниот ученички дом...

Топ13 часа

Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: замрзнат имот во Србија и во Македонија на осомничен за злоупотреби во РЕК „Битола“

Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање...

Македонија13 часа

Арсовска со реакција за фотографијата на Ѓорѓиевски, Меџити и Бакиу: Нека ви се честито дивоградбите, важно убаво сте излезени на неа

Ексградоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, со реакција на социјалните мрежи за заедничката фотографија на кандидатот за градоначалник на град...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДСМ 230 советника, што е помалку за 166

„ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во...

Свет15 часа

Прва жена премиерка на Јапонија – сака хеви-метал, свири на тапани, се спротивставува на истополовите бракови

Конзервативката Санае Такаичи ќе стане првата жена премиерка на Јапонија откога вчера беше изгласана во парламентот. Ова е историски момент...

Свет16 часа

Хили: Од крајот на Втората светска војна европската безбедност не била во ваков ризик од конфликт

Велика Британија е подготвена да потроши „начително повеќе од 100 милиони фунти (115 милиони евра) за евентуално распоредување британски сили...

Свет16 часа

Поранешен амбасадор на САД: Путин го изигра Трамп, самитот во Будимпешта е стапица

Поранешен американски дипломат изрази сериозни сомнежи во врска со најновите напори на Белата куќа да посредува за завршување на војната...

Свет16 часа

Саркози од денес во затвор

Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше дискретно пречекан во Елисејската палата од страна на сегашниот претседател Емануел Макрон во петокот...

Македонија1 ден

Најголема победа во првиот круг има Јане Мицевски во Сопиште со освоени 80,2% од гласовите, вети нов резервоар за вода

Кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, извојува најголема победа во првиот круг на овие локални избори со...

Македонија1 ден

Мециновиќ: Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Левица кој влезе во вториот круг на Локалните избори им се заблагодари на граѓаните...

Македонија1 ден

Не сум фокусиран на противникот затоа што противник и немам, тука сум за народот, вели Ѓорѓиевски и најавува посилно темпо

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој наспроти очекувањата, не победи во прв круг, вели дека уште...