Контакт

Daily news

МВР тврди дека полицајците не го малтретирале Коневски

Објавено пред

МВР демантира дека полициски службеници го малтретирале поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, при вчерашниот рутински сообраќаен преглед.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за внатрешни работи, во врска со вчерашната сообраќајна контрола врз патничко возило „бмв 320“, сопственост на Општина Аеродром и управувано од И.К. од Скопје, категорично ги демантира и отфрла наводите за некакво малтретирање на полициските службеници врз возачот при рутинскиот сообраќаен преглед“, соопшти полицијата.

Вчеравечер околу 20.20 часот на булеварот Илинден во непосредна близина на булеварот Св. Климент Охридски сообраќајна патрола го запрела возилото на Коневски и при контролата е утврдено дека, спротивно на законските прописи, на возилото имало посебни светлосни знаци (флешери). Поради тоа, на возачот му е изречен прекршочен платен налог во согласност со член 139, став 11 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Коневски претходно реагира дека возилото на Општина Аеродром ѝ го доделила Владата со вградени флешери и оттогаш МВР нема побарано тие да се отстранат.

„Вчерашното стопирање на возилото и изживувањето пред моето 7-годишно дете и пишувањето прекршочна пријава за флешерите на возилото е продолжување на притисоците што почнаа уште во предизборната кампања и очигледен показател какви луѓе се на чело на МВР и на државата, кои се занимаваат со маргинални теми наместо да се фатат со решавање на проблемите на граѓаните за што земаат плата“, реагира Коневски.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Најстудено утрово на Попова Шапка, најмногу снег во Крушево

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Македонија1 час

„Значително се зголемија платите на вработените во здравството, 4.815 денари за сите здравствени работници, за медицинските сестри 6.200 денари“, велат од Владата

Владата известува дека „значително се зголемени платите на здравствените работници, медицински сестри, техничари и административен персонал“. „Првото покачување беше со...

Македонија2 часа

Партијата Левица: На Локалните избори во конечна пресметка со десничарскиот режим

Партијата Левица ја одржа 28-та редовна сесија на Централниот комитет на која беа донесени стратешки одлуки во пресрет на претстојните...

Свет3 часа

Милијардер близок до Трамп: Не е тоа за што гласавме

Менаџерот на Хеџ Фонд, Бил Акман предупреди дека царините на Трамп би можеле да го доведат светот во „економска нуклеарна...

Европа3 часа

Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но...

Свет4 часа

(Видео) Хамас го ракетираше југот на Израел

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека истрелала ракети врз градовите во јужен Израел како одговор на „израелскиот масакр на цивили“...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Не можам да ви кажам што ќе се случи со пазарите, понекогаш треба да пиете лекови

Американскиот претседател Доналд Трамп рече „понекогаш мора да земете лекови“ на прашањето на новинарите за турбуленциите на светските пазари на...

Македонија12 часа

(Видео) Филипче: Понеспособна влада сме немале никогаш досега, ќе се бориме за доброто на државата

СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани, кажа вечерва на...

Македонија17 часа

ЦУК: Планинар од Скопје поради лошите временски услови изгубил ориентација на Кожуф, за брзо е пронајден

Ефикасно и брзо е пронајдено залутано лице кај Мрежичко на Кожуф, информираат од Центарот за управување со кризи. Во 13:15...

Македонија20 часа

Таравари бара отворање на истрагите за Дурмо Турс, Беса Транс и модуларна, но и целосна истрага за Кочани без влијанија

Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, на денешниот партиски состанок донесе резолуција со која повика на независна и транспарентна истрага...

Македонија22 часа

Уште денес очекувам убави вести за македонските граѓани, рече Мицкоски за царините на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште денес убави вести за македонските граѓани и економијата, во врска со царината од 33 отсто...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да оформи предмет против градоначалникот на Крива Паланка од редовите на СДСМ, Сашко Митовски, за...

Македонија1 ден

(Видео) Приведен прилепчaнец поради видеото со пукањето од балкон, се трага по уште едно лице

Приведен е 51-годишен прилепчанец од селото Црнилиште Општина Долнени поврзан со видеото со пукањето споделено на „Фејсбук“. МВР трага и по...

Свет1 ден

(Видео) Киев под руски напад

Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев рано утринава по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и...

Свет1 ден

Во САД протести против Трамп: „Рацете подалеку од нашата демократија“

Во делови од САД вчера беа одржани околу 1.200 протести под името “Hands Off!” во знак на спротивставување со политиката...

Македонија2 дена

(Видео) Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта по трагедијата во Кочани

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од...

Топ2 дена

Притвор за 15-годишно дете кое неколкупати силувало 5-годишно девојче

Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за...

Македонија2 дена

Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа

Да се воведат механизми кои нема да дозволат билатерални спорови да се пречка за остварување на заедничка цел, порача премиерот...

Македонија2 дена

Министерство за здравство: 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба

Министерството за здравство информира дека во моментов 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба,...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека има цијанид 100-тици пати над дозволеното

Градоначалникот на Крива Паланка лажеше дека во водата во Крива Паланка има цијанид 100-тици пати над дозволеното, за да шири...