Регион
Туристичките услуги во Грција ќе поскапат од октомври
Туристичките услуги во Грција би можеле значително да поскапат од октомври кога ќе почне примената на зголемената стапка на додадена вредност.
Растот на ДДВ-то се однесува на рестораните, хотелите и превозот, пишува весникот Катимерини.
Грција од минатата седмица има четврта најголема стапка на ДДВ во Европската унија од 23 отсто на угостителските услуги подготвување и служење на храна, а од октомври ќе има шеста највисока стапка на ДДВ за услуги на туристичко сместување од 13 отсто.
Како резултат на растот на ДДВ-то, изгласен во вој месец во грчкиот парламент, бројни производи и услуги ќе станат поскапи.
ДДВ-то порасна од 13 на 23 отсто, а меѓу основните производи кои поскапеа се месото, маслото за готвење, оцетот, солта, цвеќето, огревното дрво, ѓубривото и санитетските производи.
Во услужниот сектор, со растот на ДДВ-то ќе бидат погодени рестораните и кафулињата, погребната опрема, такси службата, интернатите и приватните училишта, како и училиштата за јазик и и компјутери.
Растот на цената на јавниот превоз се очекува наредниот месец. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
Утрово во 07:42 часот земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје, јавуваат српските медиуми.
Засега нема извештаи за евентуална штета.
Регион
Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка
Вишото јавно обвинителство во Заечар му предложило на судот продолжување на притворот на Срѓан Ј. и Дејан Д., осомничени за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ за уште 30 дена.
Осомничените се во притвор од 6 април поради ризик од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување на трагите на делото, како и вознемирување на јавноста.
Во притвор е и таткото на Дејан Д. под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето.
Полицијата по 10-дневна потрага и детална проверка на сите трагови и информации, ги уапси С.Ј и Д.Д. за кои се сомнева дека девојчето го удриле со автомобил а пото нејзиното тело го ставиле во багажникот на колата и го однеле на депонија.
Телото на девојчето кое исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор се уште не е пронајдено.
Регион
Црна Гора воведува седумчасовно работно време
Министерката за труд и социјална грижа на Црна Гора, Наида Нишиќ, најави дека до крајот на годинава граѓаните можат да очекуваат воведување седумчасовно работно време.
-Она што го најави премиерот Милојко Спајиќ во предизборната кампања ќе се случи во текот на оваа година, рече Нишиќ во емисијата „Линк” на Радио Црна Гора.
Таа додаде дека социјалните давачки во иднина ќе бидат поправични.