Црна хроника
Вработени во ЕВН нелегално менувале броила
Вработени во ЕВН незаконски менувале броила кај потрошувачи во Куманово.
Едниот од вработените од кумановското село Опае, во својство на електро монтер неовластено симнал електрично броило кое се наоѓало во домот на кумановец за кое имал пријавено дека прикажува нереални износи и имал неподмирен долг кон „ЕВН“ во износ од 192.501 денари. Вработениот во ЕВН извршил незаконско преместување на електрични броила и тоа броилото кое се наоѓало кај друго лице го монтирал во домот на кумановецот, а неговото претходно симнато броило им го оставил за вградување во друга куќа, за да не плаќаат повторен надомест. За ова добил награда ов 27.000 денари.Другиот вработен пак незаконски во системот за евиденција што се води во „ЕВН Македонија“ ги сменил матичните податоци потрошувач и ги впишал податоците на неговиот брат без соодветни документи. Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле „ЕВН Македонија“ КЕЦ-Куманово за износ од 222.501 денари.Против вработените се поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената положба./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без таблички и со 2,21 промила: пијан возач удрил во паркиран автомобил во Ораовица
На 21 декември 2025 година, во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 21:30 часот, во селото Ораовица, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В. (46) од истото село, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л.
Во сообраќајната незгода, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а при преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Насилство зад затворени врати: закани, туркање и физички напад кај две скопски семејства
Два одделни случаи на семејно насилство биле пријавени во Скопје, информираат од полицијата.
На 21 декември 2025 година, 51-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Центар, нејзиниот сопруг З.А. (66) ѝ се заканувал со остар предмет, по што го турнал нивниот 22-годишен син и му упатувал закани.
Во вториот случај, денеска (22 декември 2025 година) во 09:50 часот, во Полициска станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Б.К. (41) од Скопје. Се постапувало по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Драчево физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Сообраќајна кавга завршила со тепачки и оштетени возила во Скопје
Два одделни случаи на физички напади биле пријавени вчера во СВР Скопје, информира МВР.
Првиот случај бил пријавен околу 10 часот, кога на С.М. (47) од Скопје кој се движел со патничко возило од Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Според пријавата, од возилата излегле М.С. и уште неколку лица, кои физички го нападнале, при што употребиле и тврди предмети, а било оштетено и неговото возило.
Вториот случај бил пријавен истиот ден во 16:15 часот. Х.Т. (31) од Скопје пријавил дека околу 12:40 часот, на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.
Од МВР информираат дека во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.

