Црна хроника
Одложена пресудата за Монструм
Поради висока температура на судечкиот судија Ивица Стефановски одложено е објавувањето на пресудата во случајот „Монструм“ којашто требаше да биде соопштена во средата во Основниот суд 1 Скопје.
Поради висока температура на судечкиот судија Ивица Стефановски одложено е објавувањето на пресудата во случајот „Монструм“ којашто требаше да биде соопштена во средата во Основниот суд 1 Скопје.
Судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12-ти април 2012 година, познат како случајот „Монструм” или Велигденскиот масакр кога беа убиени уште четири момчиња, Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски, и во кој се обвинети седум лица за тероризам, започна на 20-ти декември 2012 година. Според обвинението, убиството имало цел да предизвика несигурност кај населението и да ја наруши безбедноста во земјата за предизвикување страв кај граѓаните.
Отпрвин шест лица беа оосомничени за убиството, Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири, а во декември 2013 година на обвинителната клупа седна и седмообвинетиот Сами Љута, кој е осомничен дека чувал стража додека извршителите ги убивале петте жртви. Алил Демири и Африм Ислаимовиќ се уапсени на Косово за нелегално поседување на оружје и нив им се суди во отсуство.
Во март годинава во судницата во скопскиот Основен суд 1 во средата беа прикажани видеа со наслови „Ал Каеда ги обучува муџахедините”, „Поддржувачи на исламот”, „Разбуди се брату муслиману”, коишто биле пронајдени во компјутерите на осомничените, но не беше прецизирано кај кој од нив.
На видеата можеа да се видат сцени од улични борби на вооружени маскирани лица, обуки на муџахедини, сцени од рушењето на кулите близначки во Њујорк на 11-ти септември, говори на Осама бин Ладен, прилози за Крстоносните војни, а во позадина на записите се слушаа извадоци од Куранот и песни во кои се повикува на тероризам на арапски јазик кои во судницата ги преведуваше преведувач. На дел од видео записите имаше албански превод.
За одбраната на обвинетите, овие видео материјали немале никаква врска случајот, истите не може да се сметаат за доказен материјал и нивното прикажување е беспредметно.
Обвинителството во завршните зборови што ги даде пред судот на 30-ти мај побара најстрога казна за осомничените.
На 5-ти јуни Одбраната во судскиот процес за случајот познат како „Монструм”, во кој седум лица се осомничени за тероризам и за соизвршителство, во Основниот суд 1 Скопје ги даде завршните зборови. Четворицата адвокати побараа ослободителна пресуда и нагласија дека обвинителниот акт се базира на претпоставки и дека обвинителството нема докази дека осомничените се извршители на петкратното убиство.
Адвокатот Насер Руфи рече дека уште од притворувањето на осомничените, во мај 2012 година, тие биле етикетирани како „убијци” и „монструми” со што била нарушена пресумпцијата на невиност, како од страна на одредени медиуми, така и од страна на некои институции.
Во неговите, како и во завршните зборови на останатите тројца адвокати Митко Солаков, Ѓорѓи Настевски и Асми Алиспаѓиќ повеќепати беше повторен исказот на четворица сведоци кои на денот на убиството виделе луѓе кај Смилковското езеро, а кои категорично отфрлиле дека осомничените биле тие лица. Руфи голем дел од своите завршни зборови посвети на загрозениот сведок Е1, односно неговото сведочење, кој во исказите тврдеше дека на денот на убиството, како и неколку денови пред тоа ги видел осомничените кај местото на злосторството. Руфи рече дека сведокот пет пати давал различни и нелогични контрадикторни изјави.
Исто така, Руфи во опсежните завршни зборови кои ги читаше речиси час и половина, рече дека нема директни очевидци на егзекуцијата, како и вербален доказ за наводниот договор меѓу осомничените за извршување на убиство, со што, рече, целиот обвинителен акт во недостиг на докази се базира на претпоставки.
Во врска со видео материјалите со радикално екстремистичка содржина пронајдени во запленетите компјутери на осомничените, одбраната рече дека тие немаат никаква врска со кривичното дело и дека тие видеа се достапни секому на Интернет.
Осомничените Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Сами Љута, Рами Сејди и Хаки Азири се изјаснија за невини и ги отфрлија обвинувањата. Во Монструм се осомничени и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во притвор во Косово./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и патеки без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

