Контакт

Daily news

Поддршка и промоција на младите претприемачи како движечка сила за добри меѓуетнички односи

Објавено пред

Главните заклучоци што произлегоа од форумот „Мерки за поттикнување на претприемаштвото кај немнозинските етнички групи“ се насочени кон унапредување на локалниот економски развој преку активно стимулирање на претприемаштвото и зголемување на (само)вработеноста меѓу младите луѓе, со посебен фокус на припадниците на немнозинските етнички заедници.

dobivaj vesti na viber

Работната група составена од 35 присутни, меѓу кои претставници на клучните институции во
процесот на унапредување и приспособување на програмите за поддршка, предложи мерки за насочување на придонесот од граѓанскиот сектор со цел градење на соодветно системско решение за проблемите, меѓу кои и високата стапка на младинска невработеност.

Александар Филиповски од Фондацијата ПСМ изјави дека преку претставување на претприемаштвото како врска меѓу етничките заедници и приспособување на мерките за самовработување кон потребите на претприемачите од разните етнички заедници се постигнува градење мултикултурна и одржлива демократија во земјата.

„За таа цел вклучени се разни фактори, релевантни министерства, агенции и граѓански организации, како и самите млади претприемачи кои треба да дадат свој придонес, со цел мерките, проектите и идните иницијативи за нивна поддршка да бидат подобро дефинирани“, смета Филиповски.

Џелал Хоџиќ, заменик-директорот на АОПЗ, ги пренесе согледувањата на разликите меѓу
претприемачите од немнозинските етнички групи во споредба со мејнстрим-претприемачите.

„Трендот кај младите луѓе, посебно од етничките заедници под 20 проценти, да се вработат во јавниот сектор е негативен момент во општеството, кој треба да се надмине преку промовирање на мерките за (само)вработување кај младите луѓе“, изјави Хоџиќ.

Дискусијата произлезе како заклучок од резултатите од првата спроведена „Мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемаштво“. Од анкетираните млади претприемачи, 61,2 процент изјавиле дека имале соработка со претприемач од друга заедница, а 95 проценти од нив се изразиле позитивно за ова искуство. На форумот беа презентирани и мерки и добри пракси за промоција на претприемаштвото кај немнозинските етнички групи од земјите членки на Европската Унија.

Форумот го организираа Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ и Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

(Видео) Спасовски: Каде има големи ветувањата одете со мала торба, предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и состав на новата Влада јасно...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: До Собранието поднесени програмата и составот на новата влада, очекувам на дневен ред да бидат ставени викендов

„Штотуку во архивата на македонското Собрание ја поднесов предлог-програмата за работа на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како мандатар, а...

Македонија2 часа

„Тарифата на нотарите енормно зголемена – партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните“, велат од партијата Левица

„Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата, која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни...

Македонија3 часа

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која...

Македонија4 часа

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов, почина на 89-годишна возраст. Андов е роден во...

Македонија5 часа

Колку ги чинеше граѓаните театарот за фабриката за електроавтомобили, прашуваат од партијата Левица

„Компанијата за производство на електрични возила од Ахен, Next.E.Go, банкротира и, дефинитивно, оди во стечај. Next.E.Go, или кај нас познати...

Топ6 часа

Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во бездна длабока 200 метри

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од...

Свет7 часа

Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да...

Македонија7 часа

Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина...

Свет7 часа

Агент на тајната служба ограбен со пиштол за време на патувањето на Бајден

Агент на американската тајна служба бил ограбен под закана со пиштол за време на патувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден...

Свет7 часа

Путин пристигнува во посета на Северна Кореја, првпат по 24 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пјонгјанг ќе се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, за прв пат по...

Свет7 часа

Најмалку 17 лица загинаа во бегалскиот камп Нусејрат во Газа

Најмалку 17 лица загинаа во текот на ноќта во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, од израелското бомбардирање, јавува...

Свет7 часа

Тројца убиени во престрелка во Торонто, полицијата се сомнева дека меѓу нив е и убиецот

Полицијата во Торонто денеска соопшти дека верува дека напаѓачот кој уби маж и жена е убиен во пукање во канцелариски...

Топ19 часа

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото...

Uncategorized21 час

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека...

Македонија22 часа

Здравство треба да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника, а Град Скопје и Општина Центар да најдат решение за подземните води

Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај Детската клиника е во надлежност на Министерството за здравство, а решението за подземните води треба...

Топ23 часа

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...

Македонија1 ден

Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и...