Регион
Ердоган бара од ОН мерки против Ѓулен

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара во настапот на Генералното собрание на Обединетите нации во вторникот меѓународна акција против исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого го обвинува за неуспешниот обид за државен преврат во Турција од ноќта на 15-ти јули.
„Од оваа говорница ги повикувам сите наши пријатели да ги преземат потребните мерки против Ѓуленовата терористичка организација, поради сопствената безбедност и иднината на своите народи“, истакна турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Поранешниот близок сојузник на Ердоган а сега крвен непријател, 75-годишниот Фетулах Ѓулен, од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија. Турција повеќепати најави дека од САД побарала екстрадиција на Ѓулен поради вмешаност во неуспешниот пуч, но американските функционери објавија дека по тоа прашање ќе се водат од доказите.
„Од сопственото искуство ни е познато дека, доколку веднаш не ја сузбиете таа организација, утре ќе биде предоцна“, им порача Ердоган на светските челници од говорницата на ОН.
Тврдеше дека фондацијата на Ѓулен не претставува закана само за државната безбедност на Турција, туку и на 170-те земји во коишто дејствува. „Со други зборови, денес повеќето земји присутни на ова Генерално собрание ги загрозува оваа тајна структура“, додаде. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Во Црна Гора армијата гасне пожари: се преврте цистерна, загина војник

Припадник на црногорската армија загинал кога воена цистерна за вода се превртела на патот, дознава порталот ЦдМ. Друг војник е тешко повреден и префрлен во Клиничкиот центар на Црна Гора.
Несреќата се случила околу 13 часот.
„Еден припадник на црногорската армија загинал, а друг добил тешки повреди за време на мисија за гаснење пожари. Несреќата се случила кога цистерната за вода што ја возеле се превртела“, соопшти Министерството за одбрана.
Црногорската армија, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да ги утврди причините и околностите на несреќата.
View this post on Instagram
Во Црна Гора моментно има активни пожари во шест општини – Подгорица, Бар, Будва, Никшиќ, Шавник и Бјело Поље, изјави Миодраг Бешовиќ, генерален директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
View this post on Instagram
Четири авиони моментно се борат со пожарите, а се очекува набргу да пристигне и канадер од Хрватска за да ги гасне пожарите на крајбрежјето. Хеликоптер од Србија исто така е ангажиран во гаснењето на пожарите.