Контакт

Daily news

Драмата „Фадо“ и детската авантура „Рафи“ со симултана проекција на „Синедејс“

Објавено пред

Дистрибутерската куќа „Катавеј“ во соработка со фестивалот „Синедејс“ во киното „Фросина“ организира проекција на два филма, и тоа германско-португалската копродукција „Фадо“ утре во 17 часот и детскиот филм „Рафи“ в сабота во 11 часот.

dobivaj vesti na viber

За утрешната проекција на „Фадо“ организаторите ги канат посетителите со звуците на фадо-музиката и вино, а топлата фестивалска атмосфера на „Синедејс“ дополнително ќе ги опушти во овој ладен ноември. Во филмот се зборува на германски, англиски и на португалски јазик, а е преведен на македонски. Трае 101 минута. Улогите ги толкуваат: Голо Ојлер, Луис Хејер, Албано Џеронимо.

Сите оние што не можат да стигнат на настанот, ќе имаат можност филмот да го гледаат од 17 часот истовремено во удобноста на своите домови со регистрација на платформата Cinesquare.net. Филмот истовремено ќе се прикажува и на Интернационалниот  филмски фестивал во Тирана.

Во сабота, пак, се организира семејно филмско будење од 11 часот со проекција на детскиот „Рафи“ – авантура за потрагата на едно детенце чие милениче ќе се загуби. Филмот е во режија на Аренд Агте, а направен според книгата „Спасете го Рафи“ од Бетина Камперфер и Аренд Агте, двајцата детски психолози. Сите што ќе останат дома, ќе имаат можност да го гледаат филмот истовремено од истиот термин од 11 часот преку платформата Cinesquare.net.

Станува збор за нова фестивалска шема за прикажување филмови со симултана проекција на два фестивала истовремено и на онлајн-платформата Cinesquare.net. Овој модел подразбира дека еден филм ќе биде прикажан истовремено во еден единствен ден и еден единствен час на одреден/и фестивал/и на Video on Demand-платформа. „Катавеј“ втор пат пред јавноста и претставува ваков нов иновативен дистрибутивен модел наречен festival to date откако лани го прикажавме холандскиот филм „Чисти раце“ истовремено на „Синедејс“ на Меѓународниот филмски фестивал во Тирана и на Cinesquare.net.

Овој експериментален модел треба да создаде клима за проширување на потенцијалната публика за европски филмови. Исто така, новиот пристап може да им послужи на фестивалите како дополнителна маркетинг-алатка за да допрат до што поширок круг на публика.

Реализацијата на овој модел е дел од проектот на „Катавеј“ за нови дигитални форми за дистрибуција на филмот на Балканот, кој втора година по ред ја добива поддршката од програмата „Медија“ на „Креативна Европа“, специјализирана за развој, дистрибуција и промоција на филмот и аудиовизуелната дејност во Европа. Како дел од минатогодишниот проект беше и проекцијата на детскиот сихнронизиран филм „Малиот гангстер“, кој го видоа повеќе од 10.000 деца од целата земја.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт18 минути

Алкалоид-АЕК нема да се игра вечерва – Грците под закана од своите навивачи одбија да излезат на теренот

Финалниот реванш во ЕХФ купот меѓу Алкалоид и АЕК не започна. Грчките ракометари одбија да излезат на теренот во арената...

Македонија4 часа

Тошковски за тендерот за униформите: Се фокусиравме на квалитетот и цената, нема неправилности

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагира на обвинувањата за тендерот за униформите за припадниците на полицијата, велејќи дека постапката била...

Македонија6 часа

Албанците сакаат продолжување на промената, а не враќање на старото, велат неистомислениците на Таравари од Алијансата

Го слушнавме нашето членство. Се сретнавме со нашите активисти во секој град – од Липково до Струга. И пораката е...

Топ6 часа

Во сообраќајката кај Момин Поток загинаа полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешовска од Министерството за одбрана

Поранешниот припадник на „Волците“, полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешовска раководителка на военото разузнавање, вработена во Министерството за одбрана се лицата кои...

Македонија7 часа

Арсовска најави фељтон: Спречивме над 150 незаконски обиди да се легализират дивоградби, ќе објавуваме едно по едно

Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно сите од наша страна констатирани и спречени...

Топ8 часа

Демолирана и ограбена обложувалница во Чаир, одземени сеф и осум кеш бокса, МВР трага по сторителот

Грабеж се случил ноќта кон саботата во обложувалница во скопски Чаир во периодот од  00.18 до 04.40 часот, според информацијата...

Македонија9 часа

(Видео) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4...

Топ10 часа

Затвореници од Идризово барале 1.200 евра месечно од мајка на осуденик за да не и’ го малтретираат синот, и’ испраќале и насилни видеа

Скопјани од Идризово уценувале мајка на затвореник да им даде пари за да и’ го штитат синот. МВР за случајот...

Македонија13 часа

Арсовска во лов на дивоградби: Во Чаир затекнавме работници платени да скријат дупка, оштетени сe булевар, водовод и кабли за струја

Градоначалничката Данела Арсовка им порача на Владата и на МВР да не филозофираат многу и да се фатат за работа...

Култура14 часа

(Видео) Филмскиот фестивал во Кан заврши, Златната палма ја доби ирански филм

Филмот „Тоа беше само несреќа“ (It Was Just an Accident) на иранскиот режисер Џафар Панахи ја освои Златната палма, главната...

Свет14 часа

Израелци на протест побараа од владата да преговара со Хамас и да ги ослободи заложниците

Стотици луѓе синоќа протестираа во Тел Авив, повикувајќи на прекин на војната во Газа и итно ослободување на преостанатите заложници...

Економија14 часа

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД,...

Македонија1 ден

Во Кочани се одржа седмиот марш на ангелите, родителите со порака: „Нашиот молк нема да трае долго“

„Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се на моќ“, „Не чекајте катастрофа, дејствувајте сега“, „Ефективен притвор”, „Секој може...

Македонија1 ден

Да не се делиме пред надворешните фактори – Мицкоски повика на единство

Денес, кога нашиот народ стои пред нови предизвици, кога светот се обидува да нè дефинира и објаснува, мисијата на Свети...

Топ1 ден

Возач загина на експресниот пат Прилеп-Градско – удрил во ограда, па уште еден камион излетал од патот

Тешка несреќа по која животот го загуби 42-годишен маж од Крива Паланка се случи синоќа околу 22.30 часот на експресниот пат...

Топ1 ден

Познат идентитетот на загинатите кај Момин Поток: 47-годишен маж и 32-годишна скојанка го загубија животот во несреќата

Четирисет и седумгодишниот С.И. и неговата 32-годишна сопатничка А.Н. се загинатите во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера помеѓу...

Македонија1 ден

Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката...

Македонија1 ден

Сослушување на семејствата на загинатите во Кочани, ќе бидат повикани и да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” почнуваат да сослушуваат претставници на семејствата...

Македонија2 дена

Зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Судиите и обвинителите се клиентелисти на СДСМ кои ги штитат политичките криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение, прашувајќи зошто...

Македонија2 дена

Мицкоски: На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј

На достоинствен начин продолжуваме да го негуваме животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, нивната благородна мисија обединува...