Црна хроника
Расчистено убиството во Велес: Бездомник убил старец за 200 денари
Секторот за внатрешни работи Велес го расчисти случајот со убиството на 90 годишниот Јован Ц. Од Велес чиешто тело беше пронајдено минатата недела, поточно на 17 јули во кругот на СОУ “Кочо Рацин“ во Велес.
По спроведена неколкудневна интензивна истрага, врз основа на обезбедени оперативни сознанија и информации, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело “убиство“ СВР Велес го приведе лицето З.Д. (48) од Велес.
Според првичните сознанија убиството се случило околу 17 часот во дворот на велешката гимназија при што осомничениот кој инаку бил бездомник, искористувајќи го моментот кога Јован Ц. му бил завртен со грб го удрил со камен по главата, по што жртвата паднала а потоа му нанел уште неколку удари со каменот. По убиството осомничениот од џебот на Јован Ц. земал околу 200 денари и заминал.
По приведувањето и извршениот службен разговор осомничениот во целост го признал делото и ги опишал околностите и деталите од убиството. Истиот вчера попладне беше изведен пред надлежен Судија на претходна постапка од ОС Велес кој му изрече мерка притвор во траење од 48 часа. По целосно комплетирање на документацијата за случајот ќе биде поднесена и кривична пријава. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Прегазен пешак во Битола: со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А.(44) од Битола, удрило во пешакот С.П.(62) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Измамен маж од Тетово: дал 2.000 евра за документи во странство, но не ги добил
Вчера во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук.
Како што е пријавено, откако не ги добил документите, а ниту му биле вратени парите, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

