Црна хроника
Уште седуммина кривично пријавени за насилствата во Ѓорче Петров
Скопската полиција поднесе кривична пријава против нови седум лица поради учество во насилствата и кражбите во населбата Ѓорче Петров на крајот на минатиот месец, информираше Министерството за внатрешни работи.
Одделението за имотни деликти на СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.В (24), А.И. (53), Ф.С. (21), М.Г. (18) М.З. (17), П.Ј. (16) и С.Т. (16), сите од Скопје поради постоење основано сомневање дека на 19-ти и 20-ти мај сториле кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело”, а А.В. и П.Ј. сториле и кривично дело „тешка кражба”.
Со сторените кривични дела причинета е материјална штета од околу 18 милиони денари, а А.В. и П.Ј. се стекнале и со противправна имотна корист од околу 191.800 денари.
Имено, пријавените на 19-ти мај околу 19 часот се собрале пред болницата „Свети Лазар” во населбата Ѓорче Петров, со цел да изразат револт во врска со убиството на Ангел Петковски, како и насилствата и кражбите што се случуваат во населбата Ѓорче Петров, кои според кажувањето на мештаните, ги вршат лица од околните села. Насобраната маса, од пред болницата, почнала да се движи по улица „Ѓорче Петров” при што пријавените А.В., А.И., Ф.С., М.З. и П.Ј. учествувале во каменување на два автобуса на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” и оштетување на шест објекти кои се лоцирани по улицата „Ѓорче Петров” како и казиното „Сенатор”. Покрај каменувањето на автобусите и оштетувањето на објектите, А.В. и П.Ј. во казиното „Сенатор” извршиле и кривично дело тешка кражба, при што одземале пари и се стекнале со противправна имотна корист од околу 191.800 денари.
Наредниот ден, кога повторно поради истата причина беа организирани протести во населбата Ѓорче Петров, П.Ј., С.Т. и М.Г., водени од група маскирани лица, повторно влегле во казиното „Сенатор”, при што учествувале во демолирање и палењето на инвентарот, кој од претходниот ден останал необезбеден во објектот.
На 31-ви мај беа поднесени кривични пријави против седум малолетници за учество во протестите во Ѓорче Петров./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени
Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода 61-годишниот И.А. и 63-годишниот С.А., двајцата од село Јакимово, виничко, 66-годишниот Д.Т. од Кочани, 62-годишниот М.И. и 30-годишниот Ј.М., двајцата од Виница.
Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на село Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник Ј.М., при што во двете возила биле пронајдени и одземени метален детектор и алат.
По насоки на надлежен јавен обвинител и по извршени проверки во содејство со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница во село Калиманци било констатирано дека пријавените во временскиот период од 13 до 15.12.2025 извршиле ископ.
По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на М.И., С.А. и И.А., при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина и друг алат. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

