Daily news
На ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа идејата за дијалогот „Жан Моне“
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дијалогот „Жан Моне“ во Париз, кој го предлага европратеникот Иво Вајгл, на кој е предвидено да учествуваат претставници од сите парламентарни партии за забрзување на реформскиот процес. Од партијата велат дека се за политички дијалог, но само во рамки на државните институции. Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, велат дека ќе излезат со конечен став за дијалогот „Жан Моне“ кога ќе имаат попрецизни информации за што точно би се разговарало во Париз.
„ВМРО-ДПМНЕ смета дека во секоја држава за значајни прашања се води дијалог помеѓу партиите, но во рамките на државните институции и во моментов не ја гледа потребата ниту ја знае темата за друг вид на средби. ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против политички дијалог, но повторување на ‘Пржино’ во или надвор од Република Македонија е непотребно и неприфатливо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму истакнуваат дека тие се за разговори со парламентарното мнозинство, но преферираат тој дијалог да биде во рамките на државните институции.
„За прашања како што е спорот околу името, остануваме на ставовите дефинирани во нашата програма. ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема прецизни информации околу темите на кои би се разговарало во Париз, па во овој момент не би можеле априори да се произнесеме. Откако ќе се детализираат работите би излегле со конечен став во врска со евентуалните средби со партиите од мнозинството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вајгл вчера на прес-конференција во Собранието рече дека проектот „Жан Моне“ не е замена за договорот од Пржино. Тој објасни дека „Жан Моне“ треба да биде дијалог меѓу Европскиот и македонскиот парламент.
Средбата би требало да се одржи последната недела од јануари во куќата на Жан Моне во близина на Париз, без присуство на медиуми. Таму, како што е планирано, треба да присуствува по еден координатор, еден пратеник и еден член на службата од секоја партија во парламентот, а ќе се разговара на три теми: Деловникот на Собранието, етичкиот кодекс на пратениците и владеењето на правото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.