Daily news
ВМРО-ДПМНЕ: Каква е врската на агенцијата за обезбедување „Омерта“ со убиството на Јанушев?
Каква е врската на агенцијата за обезбедување „Омерта“ со бруталната ликвидација на младиот фудбалер Мартин Јанушев? Кои се ликовите што стојат зад агенцијата „Омерта“ и кои се нивните односи со највисоките кругови на власта, вклучувајќи ги и премиерот Зоран Заев и неговиот брат? Дали ликовите поврзани со агенцијата изминатиов период на подрачјето на Скопје реализираа низа насилни и вооружени инциденти? Кој ги палеше возилата на сопствениците на угостителските објекти, кафулињата и дискотеките? Зошто во МВР не е отворена оперативна обработка за сите овие поврзани дела и дали егзекуцијата на Мартин Јанушев е последица на охрабреноста на бандитите што добија сила кога видоа дека полицијата под раководство на потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски, не ги гони, туку им помага? Овие прашања ги постави опозицијата во врска со убиството што се случи во Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека агенцијата „Омерта“ била формирана 20 дена по формирањето на Владата и е директно поврзана со раководството на државата и убиството на Јанушев.
„По само неколку месеци, голем број локали во градов добија налепници со логото на агенцијата за обезбедување ‘Омерта’. Медиумите објавија дека ‘Омерта секјурити’ е регистрирана 20 дена откако СДС ја формира Владата. Секому му е јасно зошто е формирана агенцијата. Целата јавност знае што прават изминативе месеци. Целата јавност знае, само Заев и Спасовски молчат. Омерта на италијански е завет за молчење. Израз што го користела мафијата како гаранција дека никој нема да соработува со полицијата и органите на прогонот.
Во Македонија, со Заев на чело, мафијашите не мора да молчат. Тие си добија своја држава, а во полицијата си добија свој заштитник. Граѓаните ја плаќаат цената со нарушената безбедност, а сега и со животите на своите најблиски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека 13 дена по убиството убиецот е сè уште на слобода, а МВР не презема ништо.
„МВР не кажува ниту кој е убиецот, ниту како изгледа, ниту со какво возило заминал по убиството. Не кажува ништо што би можело да го разоткрие. Меѓународна потерница нема, веројатно за да не му се наруши комодитетот. На официјалната страница се објавуваат фотографии од лица по кои се трага за минорни дела, но за човекот што брутално го егзекутира Јанушев нема ништо“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата бара Спасовски да поднесе оставка за, како што велат, да се деблокира истрагата и професионалците во МВР да може да го гонат убиецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.