Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, оствари средба со амбасадорот на Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски. На средбата министерот Фазлиу го информираше амбасадорот за приоритетите на Владата во областа на локалната самоуправа и рамномерниот регионален развој. Фазлиу истакна дека Полска како држава, во градењето на демократијата учела од минатото, а искуството во воспоставувањето развиен модел на локална самоуправа може да биде корисно и за Република Македонија.
Амбасадорот Мултановски изрази поддршка на политиката на актуелната Влада и ја истакна соработката меѓу ресорите во Владата. Амбасадорот Мултановски рече дека Полска ја поддржува Република Македонија на патот на интегрирање во ЕУ и во НАТО. Во тој контекст тој изрази подготвеност и за директна соработка меѓу надлежните министерства во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој.