Контакт

Daily news

(Видео) Заев и Брнабиќ договорија в година заедничка седница на двете влади

Објавено пред

Претседателите на владите на Македонија и Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, изјавија дека постигнале прелиминарен договор за заедничка седница на двете влади, која би требало да се одржи кон крајот на февруари или почетокот на март в година. Заев истакна дека српскиот и македонскиот народ се блиски и дека обврска на политичарите е да ја унапредуваат соработката.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Заев и претседателката на српската влада, Брнабиќ, по тет-а-тет средбата и пленарните разговори меѓу министрите во владите на двете земји, во рамките на официјалната посета на владината делегација на Македонија на Србија, одржаа заедничка прес-конференција.

„Република Македонија и Република Србија имаат партнерски односи со високо ниво на заемна доверба, разбирање и добрососедство. Во нашите меѓусебни односи има многу прашања и теми што нè поврзуваат. Како во изминатиот период, така и денес евроинтеграциите се надворешнополитички приоритети на двете земји. Во однос на ова прашање имаме и билатерална спогодба за заедничка соработка“, истакна Заев.

Тој потсети дека српскиот народ што живее во Република Македонија е дел од конститутивните народи наброени во Уставот, дека српскиот е службен јазик во општината Чучер-Сандево, во Старо Нагоричане и во една од најголемите општини во земјата, Куманово, како и дека одбележувањето на Свети Сава, односно 27 јануари, со закон е прогласен за празник и за неработен ден за припадниците на српската заедница во Македонија.

„Од друга страна, во Србија, пак, активни се триесетина здруженија на Македонците што гравитираат околу Националниот совет на Македонската национална заедница во Република Србија, со седиште во Панчево. Македонскиот јазик е воведен во службена употреба во неколку места, воведен е во законот за образованието на Србија и се изучува во Јабука, Качараво и Лесковац. Во Статутот на Војводина, Македонците се воведени како конституивен народ“, нагласи Заев.

Според него, перцепцијата на граѓаните во Република Македонија е дека Србија е на прво место од соседите со кои најмногу се подобрени односите во последните пет години, сосед со кој граѓаните имаат најдобри лични искуства, сосед чија историја и култура најдобро ги познаваат, сосед за кој има најдобро мислење, како и сосед со кој би сакале најблиски односи.

Тој економската соработка меѓу Македонија и Србија ја оцени како константно добра и укажа на фактот што Србија е трета по обем на размената трговски партнер на Македонија, веднаш зад Германија и Велика Британија.

Претседателката на владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, во своето обраќање на прес-конференцијата по средбите на двете делегации ја сподели согласноста дека Република Србија и Република Македонија делат успешна соработка во повеќе области.

Во таа насока таа ја потврди согласноста за одржување седница меѓу двете влади во знак на добрите пријателски односи, како и заедничките иницијативи во повеќе други билатерални и регионални проекти.

Премиерката Брнабиќ истакна дека унапредувањето на односите меѓу двете земји е од особен интерес на Република Србија, со оглед на фактот дека двете земји делат многу заеднички интереси, како што се евроинтеграциите, инфраструктурните проекти во рамките на Коридорот 10 и многу други.

Регионалното поврзување е во врвните приоритети на двете земји и на тој план се очекуваат многу резултати, изјавија во завршницата на прес-конференцијата премирерот Заев и премиерката Брнабиќ.

 

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Зеленски: Путин сака правно признавање на она што го украл, тоа е опасно за светот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се обрати пред шведскиот парламент преку видео врска, велејќи дека Украина е во „критичен момент“ и...

Свет49 минути

Европска верзија на планот на Трамп за Украина: точката 3 е целосно избришана

Преговорите за прекин на руската агресивна војна во Украина се во полн ек, но американскиот план од 28 точки предизвика...

Македонија58 минути

Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене

Европскиот суд за човекови права денес објави дека отвара сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично...

Македонија2 часа

„Кацарска со двојни стандарди, за себе и судиите полни џебови и привилегии, за пензионерите бара укинување на зголемувањето на пензиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДС. Кацарска како послушничка и извршителка на Заев,...

Европа3 часа

(Видео) Масовен руски напад со камиказа дронови врз Харков: има мртви и ранети

Четири лица беа убиени, а неколку други повредени во „масовните“ руски напади врз Харков, вториот по големина град во Украина,...

Свет4 часа

Америка ги прифати барањата на Украина за мировниот план? „Договорот е се поблиску“

САД и Украина изготвија „дополнет и доработен мировен план“ за завршување на војната со Русија, соопштија двете земји во заедничка...

Топ5 часа

Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот

57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград. Според српски Телеграф, на патникот му...

Македонија15 часа

Кардиологот и алпинист Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликува кардиологот и алпинист Сашко Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, не...

Македонија18 часа

Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки

Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име....

Македонија22 часа

11.500 студенти веќе подигнале нови електронски уреди, Владата додели над 33.000 ваучери

Владата информира дека заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, секој во вредност од 15.300 денари....

Македонија23 часа

Градоначалникот Митко Јанчев по скандалот со Аца Лукас: Кочани сценарио нема да дозволиме

Не стивнуваат реакциите по скандалот што се случи со пејачот Аца Лукас кога беше прекинат неговиот концерт во Кавадарци. Тој...

Македонија1 ден

Пакуван помфрит со поминат рок требало да се продава на македонскиот пазар, АХВ го спречи увозот и го уништи

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат...

Регион1 ден

Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес...

Македонија2 дена

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Институтот за јавно здравје издаде препораки за населението во поплавените подрачја, со посебен акцент на безбедната употреба на вода, личната...

Свет2 дена

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, велат западните челници

Американскиот план за Украина бара дополнителна работа, се согласија челниците на 11 земји и ЕУ во заедничка изјава по состанокот...

Регион2 дена

(Видео) Снежните врнежи го парализираа регионот: застои во сообраќајот во Сараево, автомобили заглавени кај Сплит

Обилните снежни вренежи предизвикаа проблеми во регионот, а снег падна во Босна и Херцеговина и Хрватска, каде што дојде до...

Македонија2 дена

Настапувал без дозвола: Аца Лукас приведен на концерт во Кавадарци

Српскиот пејач Аца Лукас синоќа бил приведен во Кавадарци околу 00:10 часот, за време на настап во угостителски објект. Според...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ја напаѓа Кацарска поради предметот за линеарното зголемување на пензиите, од Уставен велат дека прозивките се преседан

На прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека уставната судијка Добрила Кацарска бара укинување на зголемувањето...

Македонија2 дена

Поплавени 50 домови во Ресен, под вода земјоделски површини и во Демир Хисар, во Прилеп паднал таван од куќа

Според информациите на Центарот за управување со кризи до 8 часот, обилните врнежи предизвикаа локални излевања, поплави и прекини во...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова со честитка: Албанскиот јазик е важен дел од мултиетничкиот мозаик на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на албанскиот јазик...