Daily news
Прилепскиот театар бара одделување од Центарот за култура
Одделување на театарот „Војдан Чернодрински“ од центарот за култура „Марко Цепенков“, поголема заштита на културното наследство, правилна евалуација на работата на вработените во овие институции, заштита на авторските права и нивна валоризација. Овие беа само дел од забелешките и сугестиите на бројните актери, уметници, музичари, претставници на центарот за култура, Завод и музеј, локалната самоуправа и претставници на невладиниот сектор на јавната дебата за Националната стратегија за култура на Македонија за периодот 2018-2022 година,што денеска се одржа во киното „Мис Стон“ во Прилеп.
Организатори на оваа дебата се здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ – Транзен“ од Струмица, а како коорганизатор и домаќин на настанот е здружението на граѓани „Театарска работилница“ од Прилеп. Проектот се реализира со финансиска подрршка на УСАИД и е во тесна соработка со Министерството за култура.
„Предлозите беа од најразлични области. Најмногу забелешки имаше од секторот театар. Театарот од Прилеп бара одделување од центарот за култура и нивните најголеми дилеми беа околу децентрализацијата и како таа ќе се спроведе. Како театарот ќе продолжи да се финансира понатаму доколку се спроведе оваа децентрализација. Други забелешки имавме во однос на заштитата на културното наследство и правилната евалуација на трудот на вработените во овие институции, што го третираат културното наследство, во однос на заштитата на авторските права како тие се третираат, но и барања за нивна поголема валоризација. Записниците од дебатите ги предаваме на работната група, којашто е составена од претставници на Министерството за култура. Значи овие предлози и сугестии ќе бидат доставени до нив и тие понатаму ќе ги селектираат и ќе одлучат дали ќе бидат вградени во новиот стратегиски документ“, истакна Јасмина Мазгалиева, претставник на Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ – Транзен“ од Струмица.
Целта на овие дебати е предлозите да доаѓаат од вработените во институциите од културата, врз основа на кои ќе се градат натаму политиките во културата на највисоко ниво. Целта на дебатите исто така е овој систем на генерирање идеи и предлози да се децентрализира, а не како досега сè да се одвива само во Скопје.
„Најмногу се говореше за театарот зашто театарот во Прилеп има претрпено најмногу штети последните години. Во 2004 година ја изгуби и својата институционалност, стана дел од центарот за култура,така што го загуби брендот граден од 1950 година. Мислам дека и повеќето театри во другите градови каде ѓто се случија вакви јавни расправи и тие исто така се борат за институционализирање на театарот“, изјави Игор Трпчески, член на „Театарска работилница“.
Во рамките на овој проект јавни дебати по нацрт-стратегијата за развој на културата за периодот од 2018 до 2022 година, предвидено е да се одржат и во: Струмица, Куманово, Штип, Струга, Тетово, Кавадарци и Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него
Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото
Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.