Контакт

Daily news

Пристигнати 324 барања за субвенции за купување печки на пелети

Објавено пред

Со 324 барања од граѓаните на подрачјето на Скопје за субвенции за купување печки на пелети, заклучно до вчера, заврши јавниот повик за надоместување дел од трошоците, соопштуваат од Град Скопје и информираат дека комисијата веќе ги разгледува пристигнатите барања и врши увид на инсталираните печки кај барателите што ги исполниле условите наведени во објавениот јавен повик што траеше од 15 до 22 ноември.

dobivaj vesti na viber

Град Скопје појаснува дека овој повик бил со цел Градот да ги стимулира жителите да користат обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени.

Додаваат дека со овој јавен повик, кој се реализира по принципот прв дојден, прв услужен, ќе се обезбеди поврат на средства за купување печки на пелети во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Право на учество на овој јавен повик имаа жителите на Скопје во општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај, кои купија печка на пелети за затоплување на својот станбен простор од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршувањето на повикот и поднесоа барање за искористување на правото за надоместок.

На јавниот повик немаа право на учество домаќинствата што имаат приклучок на градското централно греење, без оглед на тоа дали го користат, како и сопствениците на станбени објекти што се сè уште во фаза на изградба и не живеат во објектите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

„Сам нека си ги одгледува кокошките“: кинеските социјални мрежи преполни со пораки против Трамп

Додека Кина се подготвува за царини од 104 отсто на голем дел од извозот во Америка, на кинеските социјални мрежи...

Свет2 часа

(Видео) Се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, загинаа најмалку 79 лица

Според последните извештаи, најмалку 79 луѓе загинале, а 155 се повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во главниот...

Свет2 часа

Кандидатот на Трамп за шеф на НАСА: Мисијата на Марс е приоритет

Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на НАСА, Џеред Ајзакмeн, рече дека вселенската агенција ќе даде приоритет на...

Свет2 часа

Во сила е нов пакет тарифи на Трамп, за Кина воведени царини од 104 отсто

Новиот сет на царини на Трамп стапи на сила утрово за приближно 60 земји ширум светот. Од 6 часот наутро...

Европа2 часа

ОН: Речиси 13.000 цивили се убиени во Украина од почетокот на војната

Обединетите нации проценуваат дека околу 13.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина, изјави во вторникот пред Советот...

Свет2 часа

Трамп: Ќе заработуваме 2 милијарди долари дневно од царини

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера вечер, по потпишувањето на извршната наредба за јаглен, ги коментираше царините што ги воведува на...

Регион14 часа

Кој им дозволил на Вучиќ и новинарите да влезат кај пациентите од Македонија: студентите бараат одговорност

Народниот правобранител на Србија, Зоран Пашалиќ изјави дека ќе ги истражи сите околности наведени во шестото барање на студентите, кои...

Македонија16 часа

Директорот на геријатрија зел 20.000 евра поткуп за да смести неподвижно лице

Заедно со посредник, директорот на болницата за геријатрија,  Мухсин Арифи, барал и примил поткуп за сместување на болно и неподвижно...

Топ18 часа

Селанецот во Кривопаланечко убиен, па запален за 100 евра, зад убиството стојат двајца млади браќа

Двајца браќа се осомничените за убиството во Луке, кривопаланечко. Тие се на возраст од 20 и 25 години, а убиениот...

Македонија18 часа

И јас и Таравари вчера избегавме од ДУИ, сега преговори со нив значат испорачување фактури од ДУИ, вели Меџити  

Сите коалиционери во „Вреди“, освен министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, сметат дека единствена опција...

Македонија20 часа

Мицкоски бара нова пресуда за прегазената Теодора во Тетово: „Ова не е правда“

Премиерот Христијан Мицкоски побара да се разгледа работењето на судијата во Тетово, кој вчера досуди две години затвор за возачот...

Македонија21 час

Четворица повредени во пожарот во Кочани ќе бидат отпуштени од болницата во Софија

Четворица пациенти, кои се лекуваат во болницата „Пирогов“ во Софија, Бугарија, денеска ќе бидат отпуштени од болница, изјави Маја Аргирова,...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче во Брисел: Северна Македонија е во бизарна ситуација на таканаречено самонаметнато вето, бидејќи Владата одбива да ги спроведе потребните уставни измени

Процесот на проширување на Европската Унија не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување,...

Топ24 часа

Кривични против три лица од Струмица: грабнале 32-годишна жена

СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.А., 23-годишниот Б.Ч. и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради...

Европа24 часа

Трамп ја одби понудата на ЕУ: „Не, тоа не е доволно“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од...

Свет1 ден

(Видео) Се активира вулкан на Филипините, пепелта се издигна на речиси 4.000 метри: постои ризик од опасна ерупција

Продолжува ерупцијата на вулканот Канлаон во централниот дел на Филипините, а колоната од пепел се издигна на околу 4.000 метри...

Свет1 ден

Кина одговори на заканата на Трамп за нови царини: Ќе се бориме до крај

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека никогаш нема да ја прифати „уценувачката природа“ на американскиот пристап и вети дека ќе...

Европа1 ден

Зеленски првпат потврди дека украинските сили се наоѓаат во руската област Белгород

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат потврди дека украинските трупи се активни во рускиот регион Белгород за да ги...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Газа е неверојатно вреден недвижен имот, би било добро да го поседуваат САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека сака САД да ја преземат контролата врз Појасот Газа, опишувајќи ја палестинската енклава...

Македонија2 дена

Колку вреди животот во Македонија – со две години треба да и запалам свеќа на сестра ми и да и речам биди задоволна, порача сестрата на загинатата Теодора

Судот во Тетово пресуди две години затвор за Менсур Пајазити кој на пешачки премин ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска. Нејзинита...