Европа
На француските регионални избори на Корзика победија локалните националисти
На вториот круг од регионалните француски избори во неделата на Корзика победија локалните националисти кои сакаат поголема автономија на островот, покажуваат последните податоци кои ги објави министерството за внатрешни работи.
Најмногу, 35,34 отсто од гласовите во вториот круг од регионалните избори добил блокот „За Корзика“ (Pé a Corsica), кој го води Жил Симеони, градоначалникот на Бастија, вториот по големина на градот на островот.Второто место го освои коалицијата на левите сили, која имаше водство по првиот круг на 6-ти декември, „Во прв ред Корзика (Prima a Corsica) со 28,49 отсто од гласовите, предводена од претседателот на Извршниот совет на островот Пол Џакоби. Десноцентристичката алијанса на Жозе Роси е на третото место со 27,7 отсто од гласовите, додека Националниот фронт освои 9,09, отсто од гласовите.Жил Симеони кого француските коментатори го сметаат за „умерен националист“, како убеден заштитник на корзиканската самобитност, изјави дека е приврзен на „дијалогот и отвореноста“, одлучно отфрлајќи ги насилните средства во политичката борба, кон што прибегнуваат радикалните островски сепаратисти во втората половина на XX век.„Ова е победа на сите Корзиканци и е победа за Корзика, којашто сака самата да ја гради својата сегашности и иднина“, ги поздрави Симеони своите приврзаници длабоко во ноќта кон понеделникот. Победата на неговиот блок ја нарече „историска“ за движењето за самостојност на островот.„Таа го покажува присуството на длабоките стремежи за вистинска алтернатива, желбата да се забрза економскиот развој и за социјална правда“, додаде.Победата на регионалистите беше одбележана со бурни прославувања на улиците на Бастија и Ајачо, двата главни града на Корзика. Илјадниците поддржувачи на Симеони формираа масовни поворки по улиците, веејќи корзикански знамиња, проследени со продорните звуци од сирените на нивните автомобили, пренесуваат локалните медиуми.Корзика со децении е едно од главните жаришта на сепаратизмот во Франција, во чиј состав овој медитерански остров влегува во 1769 година, кога на француската круна ѝ го предала Џеновешката република како исплата на долговите кон Париз.Изолираноста од континентот и богатото локално културно наследство, тесно поврзано со соседна Италија, сето тоа време го поткрепуваат сепаратистичкото расположение меѓу локалното население, но Франција секогаш успеваше да ги спречи обидите Корзика да се здобие со поголема независност.Во текот на 1970-те, во атмосфера на активирањето на различните сепаратистички групи, островот беше поделен на два департмана, а исто така го доби и специјалниот статус на „територијална заедница“ во составот на Франција. Според актуелниот план за административните реформи, двата корзикански департмана во 2018 година одново ќе се обединат во една територијална единица којашто ќе го задржи специјалниот статус./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

