Daily news
(Видео) Груевски: Неправда е галиите да се проблем, а поскапениот паркинг да е реформа
Со овации беше поздравен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на протестот пред Влада. Симпатизерите и членовите на партијата скандираа „Нема оставка”, а лидерот на партијата ги поздрави сите што дошле, како што вели, во време кога Владата вперува страв кон сите.
„Не може да се набројат сите неправди на марионетската власт бидејќи се многу. Внесоа страв кај народот. Но тој се ослободува од оваа состојба, еве се гледа. Иако се ангажираа луѓе платени од народни пари за да ги кријат криминалите, сепак за неправдите се говори секојдневно. Ние од ВМРО-ДПМНЕ сме изложени на овие неправди, ама најголема е штетата над Македонија”, рече Груевски.
Тој пред Владата рече дека наместо правда, во Македонија дошла пропаднатата економија.
„Заробената држава ја крши правдата, луѓето се уценети и исплашени, бидејќи се казнува слободната мисла. Во економијата ги зголемија акцизите за нафта, на годишно ниво на едно просечно семејство му се одзема една просечна плата”, рече Груевски пред симпатизерите на партијата кои се пред Владата.
„Поминаа 6 месеци, нема НАТО ни ЕУ. Кога сме кај неправдата, СДСМ доживеа кадровски дебакл, со нестручниот кадар. Нема ништо од планот 3-6-9. Неправда е што на местото на Виктор Мизо, дојде човек кој го шараше градов и е дел од платеничката шарена револуција. Главниот клуч за вработување е кој колку шарал и го нагрдил градот. Неправда се избрканите кадри од општините, министерствата и Владата, а тоа е затоа што имаат блискост со ВМРО-ДПМНЕ. Неправда е непотизмот. Па така, Рашковски побрза да се стави во акционерскиот одбор на Телеком“, рече Груевски.
Според Груевски, неправда е галиите да се проблем, а пак поскапениот паркинг да е реформа. Тој рече дека на пензионерите им е укинато покачувањето на пензиите. Груевски присутните ги потсети и на Законот за јазикот, додавајќи дека е неуставен, а ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Албанците и дека ги сакаат и ќе живеат со нив.
„Неправда се локалните избори кои беа криминални. Додека патриотите ги затвораат ослободија криминалци како Бајруш. Тие сакаат да го скршат духот на слободумните граѓани, па така го затворија Едмонд Темелко. Нема викенд да нема пукање. Убиецот на Јанушев не е најден, нема да се стигне и до нарачателот. Македонија се враќа во 90’те години, каде криминалот царува. Нема некој кој е критички настроен кон Власта, а да не е повикан во СЈО“, рече Груевски, додавајќи дека и судството е под контрола на новата Влада.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Заев стана недостапен за правдата иако на снимка се гледа како бара поткуп.
„Им требаше судството за ‘пиштолот’ да го насочат кон слободните граѓани”, рече Груевски, насочувајќи се кон кривичниот законик кој велел дека не смее бомбите да бидат доказен материјал во судска постапка.
К. Ландов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.