Контакт

Daily news

(Видео) Средба Заев – Могерини: Новиот пакет за проширување треба да ги опфати сите земји на Западен Балкан

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев оствари средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. На средбата со Могерини, на која присуствуваа и Бујар Османи, заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, и Никола Димитров, министер за надворешни работи, премиерот Заев истакна дека личната посветеност и ангажираност на високите претставници на највисоките институции на ЕУ, како и институционалната поддршка од телата на ЕУ се од клучно значење за поддршка на тековните напори на Владата.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека огромни напори биле инвестирани од страна на Владата и од ЕУ за да се врати Република Македонија на вистинскиот пат и да се создадат позитивни случувања по долготрајната политичка криза.

„Сега е време да ги искористиме овие напори. Продолжуваме со силна посветеност и несомнена политичка волја, иако на внатрешен план имаме одредени политички околности“, нагласи Заев и додаде: „Очекуваме дека ЕУ ќе покаже визија и ќе обезбеди одлука за почнување на преговорите за пристапување во првата половина од 2018 година“.

Премиерот додаде дека примарната посветеност на Владата е да се изгради модерна европска земја што ги дели европските вредности, со функционална демократија базирана на владеењето на правото и врз заеднички споделени основни вредности. „Имаме аргументи да докажеме дека Република Македонија е најдобрата ‘успешна приказна’ во 2017 година и може многу да придонесе за добрососедските односи, регионалната соработка, стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан и во Европа“, нагласи Заев.

Претседателот на Владата ги искажа очекувањата од Стратегијата за проширување на ЕУ, најавена од страна на претседателот на Европската комисија, Јункер, и истакна дека едно од тие очекувања е отворање на можноста за секоја земја да напредува колку што е можно побрзо во процесот на пристапување врз основа на сопствените заслуги.

„Република Македонија ќе се стреми да се израмни и да влезе во групата земји предводници на процесот. Треба да бидеме во пакетот. Тоа ќе нè стабилизира за подолг рок“, потенцираше премиерот Заев.

Премиерот Зоран Заев истакна дека Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија во мај 2018 година, за време на бугарското претседателство со ЕУ, ќе биде јасна можност за обновување на заедничките обврски на земјите од Западен Балкан и на ЕУ.

„Вложуваме напори за повторно воспоставување на Република Македонија како кредибилен партнер на своите меѓународни пријатели. Одлучно воспоставуваме блиски врски со што е можно повеќе земји-членки на ЕУ, како и со соседните и со други земји. Групата пријатели и поддржувачи на Република Македонија постојано се зголемува“, истакна премиерот. Тој нагласи дека фокусот е да се гради нов дух во нашите односи, да се отвори дијалог за решавање на нерешените прашања, да се изградат мостови за соработка базирани на заемна доверба и почит како со соседите така и со другите земји во регионот.

„Во врска со прашањето со Грција, имаме една порака: Ние сме подготвени да го решиме ова прашање. Бараме помош и поддршка како да го најдеме соодветното и одржливо решение кое ќе има поддршка во двете земји“, додаде Заев.

Од своја страна, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, истакна дека е видлив напредокот што го оствари земјава за само една година и дека тоа е добар знак и во однос на напредувањето на државата во евроинтеграциските процеси. На средбата заеднички е констатирана неопходноста од соработка со опозицијата на важните стратешки прашања за земјата и дека каналите за комуникација треба да бидат постојано отворени.

На средбата во Европската комисија кај Могерини е нагласено дека претстојните месеци до првата половина на 2018 година се круцијални кога е во прашање процесот за отворање на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Посочена е и важноста, колку што е можно побргу, да се одржат средби на високо ниво меѓу Република Македонија и Република Грција. Во завршницата на разговорите беше потенцирано дека новиот пакет за проширување треба да ги опфати сите земји на Западен Балкан, како знак за поддршка на стабилноста и напредокот на целиот регион.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија1 час

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија1 час

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија2 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија2 часа

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија4 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...

Свет4 часа

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија5 часа

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет16 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија17 часа

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ19 часа

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија20 часа

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија23 часа

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија23 часа

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...

Македонија23 часа

(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која...

Македонија1 ден

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија1 ден

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија1 ден

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија1 ден

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет1 ден

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...