Европа
Сведокот за убиството на Немцов, Ана Дурицка отпатува за Киев

Главниот сведок за убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов, неговата 23-годишна партнерка украинскиот модел Ана Дурицка која не беше повредената во атентатот, ноќта кон вторникот отпатувала од Мосвка за Киев, соопшти портпаролот на министерството за надворешни работи на Украина, Евгениј Перебијнис.
„Ана Дурицка само што замина за Киев. Украинските дипломати во Москва ѝ ја укажаа на нашата државјанка сета неопходна помош за враќањето дома“, напиша портпаролот на украинската дипломатија на својот микроблог на Twiiter.
Убиениот Борис Немцов и Ана Дурицка заедно се движеле по Големиот мост преку реката Москва кон станот на опозицискиот челник кога непознат напаѓач од грб испукал осум куршуми во поранешниот министер за енергетика и прв вицепремиер на руската влада до 1998 година сега пратеник, од кои четири завршиле во неговиот грб.
Немцов починал на самото место, додека Дурицка остана неповредена. Претходно во вторникот воо емисијата за руската опозициска телевизија „Дожд“, Дурицка изјави дека не се сеќава најдобро на вечерта кога беше застрелан Немцов. Сепак, таа тврди дека убиецот стоел зад нив, и пукал во грбот на политичарот. Кога Немцов се струполил на тротоарот таа истрчала кон возачот на возилото за отстранување снег и самата повикала полиција која пристигнала десет минути по повикот. Што се случувало во периодот непосредно по убиството и пред доаѓањето на полицијата, девојката изјави дека не се сеќава.
Дурицка изјави дека руските власти и соопштиле дека не е безбедно за неа да ја напушти Москва, додека украинските власти бараа да биде пуштена нивната државјанка да се врати во татковината. Адвокатот на Немцов, Вадим Прохоров, кој ја застапуваше и Дурицка, изјави во понеделникот дека таа поради истражните дејствија најверојатно ќе остане во Москва до средината на седмицата. Но неговата клиентка најави дека нема да присуствува на погребот на политичарот, кој ќе биде извршен во вторник.
Засега нема официјална изјава од руските власти во врска со информацијата за заминувањето на главниот сведок за ликвидацијата на Немцов во Киев./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин