Контакт

Daily news

Папата Франциско посакува промена во текстот на молитвата „Оче наш“

Објавено пред

Папата Франциско сака Католичката црква да направи подобар превод на фразата „Не нѐ воведувај во искушение“ од најпознатата христијанска молитва „Оче наш“.

dobivaj vesti na viber

„Ова не е добар превод“, изјави папата во телевизиско интервју во среда вечерта.

Папата вели дека не е Бог тој кој ги доведува луѓето до искушение. Притоа, укажа на фактот дека Католичката црква во Франција ја променила оваа фраза во молитвата така што истата сега гласи: „Не дозволувај ни да западнеме во неволја“ и посочи дека нешто слично треба да се примени и во другите земји.

Молитвата „Оче наш“ е дел од христијанската литургиска култура, а стотици милиони верници молитвата ја знаат напамет уште од детството.

Актуелната верзија на „Оче наш“ потекнува од Вулгата (латински превод на Библијата од 4 век), кој, пак, е преведен на латински од старогрчки, додека оригиналната верзија била на арамејски, јазик на кој наводно зборувал и Исус.

Литургиските преводи главно се дело на локалните цркви во координација со Ватикан.

 

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

(Видео) Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, на собраниската седница праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник, може...

Македонија26 минути

„Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, опасно по живот“, предупредува ЦУК

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата „Рапид Билд ДОО“ дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница...

Македонија52 минути

Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот...

Европа2 часа

Песков: Западот ја провоцира Украина, сето ова ќе има последици

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера рече дека изјавите на претставниците на земјите од НАТО за употреба на западно оружје...

Македонија3 часа

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Зајкова и раководството

Либерално-демократската партија вчера вечер ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите. Централниот одбор донесе одлука со која дава...

Македонија3 часа

Комеморација за Џаро в понеделник, музички ѕвезди ќе зборуваат за него

В понеделник, на 3 јуни во Домот на култура во Ѓорче Петров од 12 часот, ќе се одржи комеморација за...

Свет3 часа

Трамп по пресудата: Ова е срамота, народот ќе го каже својот збор на 5 ноември

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече срамота пресудата во Њујорк, со која беше прогласен за виновен за фалсификување документи...

Европа4 часа

(Видео) Русите го нападнаа Харков, ракети погодија станбени згради, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа во рускиот напад на Харков, Украина, а 16 се ранети, јавува Ројтерс. Руски ракети погодија три...

Европа4 часа

Бајден и дозволи на Украина да ја нападне руската територија со американско оружје, со ограничување

Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американска муниција за напади на руска територија, под услов...

Свет4 часа

Историска пресуда: Трамп виновен по сите обвиненија

Во првиот кривичен процес против републиканецот Доналд Трамп, поротата одлучи дека поранешниот американски претседател е виновен по 34 точки од...

Македонија15 часа

Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар

Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци,...

Топ18 часа

Силувана малолетничка во Скопско

Вчера попладне во 14.10 часот во СВР Скопје, М.Г., во присуство на социјален работник, пријавила дека на 17.05.2024 во скопско...

Македонија20 часа

Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство за избор за претседател на Уставниот суд, седницата продолжува утре

Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за избор на претседател на Уставниот суд. „Ниту еден од...

Македонија21 час

Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ

Нема да коментирам внатрешнополитички случувања и изјави на лидери во земјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан од новинарите како ја...

Македонија22 часа

ДУИ навредена од ВМРО-ДПМНЕ: Владата не е нивна играчка

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој...

Топ23 часа

Малолетник прегазен од автомобил во Скопје: возачот побегнал

Во СВР Скопје синоќа во 21.03 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко...

Македонија1 ден

Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања

Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Од општината велат...

Македонија1 ден

Меџити: Три-четворица пратеници од „Европскиот фронт“ ќе бидат дел од новото мнозинство

Првиот човек на Демократското движење – партијата што е дел од коалицијата „Влен“, Изет Меџити, во интервју за „А2 Си-ен-ен“...

Македонија1 ден

Денес избор за претседател на Уставниот суд, ќе се знае кој ќе ја наследи Кацарска

Денеска во 10 часот е закажанa седница за избор за претседател на Уставниот суд. Според член 7 од Деловникот, Уставниот...

Свет1 ден

Лавров: САД и НАТО сакаат да ни кажат дека нема да запрат пред ништо, нашиот потег ќе ги вразуми

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, ја цитира агенцијата РИА изјавата на...