Daily news
ФРОДЕМ со предлози до членовите на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на денешната седница

ФРОДЕМ (Фронт за демократска Македонија) преку соопштение се обрати до челновите на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ од кои побара разумно и статутарно постапување во текот на денешната седница на која ќе се одлучува за оставката на партискиот лидер, Никола Груевски.
„Набрзина закажаниот и нестатутарно одреден предлог-термин за одржување на вонредениот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека е во прилог на ретроградните сили, криминализираните структури и непријателите на партијата. Желбата да се одржи брз вонреден Конгрес замислен според теркот на досегашното раководство во заминување, уште еднаш ќе покаже дека партијата нема сили да се оттргне од прергратките на фамилијата. Одржувањето на вонредниот Конгрес на партијата не треба да доведе до ново и дополнително разединување на партиското членство, туку тој треба да биде обедунувачки конгрес“, наведуваат од ФРОДЕМ.
Во таа насока, ФРОДЕМ го предлага следново:
– Најавената оставка на Никола Груевски е дефинитивен чин и истата треба биде и формално прифатена на првиот првиот закажан демократски и обединувачки Конгрес на партијата;
– Со оставката на Груевски во оставка е и ИК на партијата и истот нема право да донесува никакви одлуки;
– Го повикуваaт ЦК на ВМРО-ДПМНЕ под итно да донесе одлука за одржување на вонреден Конгрес на партијата согласно одредбите од Статутот (кој ке се одржи во рок од 60 дена од донесувањето на Одлуката);
– Бараат ЦК да усвои критериуми за демократски избор на делегати на вонредниот Конгрес и да го утврди максималниот број на делегати на Конгресот;
– По усвојување на Одлуката за одржување на вонреден Конгрес и усвојувањето на Критериумите за избор и број на делегати, бараат денес централниот комитет на пардијата да избере заедничко координативно тело составено од досегашни членови на ЦК и ИК кои не се осомничени и обвинети по ниту еден основ и од претставници на внатре партиските групации и асоцијации;
– До оддржување на Конресот бараат со пратијата да раководи новоизбраното координативно тело кое би изготвило нацрт-измени и дополнувања на Статутот кои ќе бидат предложени на Конгресот, би овозможило општинските и месните комитети на партијата демократски да изберат делегати за Конгресот;
– По изборот на Координационото тело предлагаат да се распушти ЦК на ВМРО-ДПМНЕ;
– Од ФРОДЕМ напоменуваат дека до изборот на новото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Координационото тело, потребно е да пружи максимална заштита и поддршка на сите обвинети и осомничени партиски членови, да се залага да се почитува пресумпцијата на невиност и да бара правично и фер судење на сите обвинети како спречување на селективната правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news
Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.
Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.
Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.
„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ
Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.
Daily news
Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.
Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.
Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.
Daily news
Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.
Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.
На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.
Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.
Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.
„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.
Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.