Европа
Руските бајкери во Германија не се членови на Клубот на Путин, ќе одат и во западна Украина
Руските бајкери кои влегле во Германија на својот поход со кој низ Европа ја одбележуваат 70-годишнината од победата над нацизмот во Втората светска војна и предизвикаа реакции во земјите од ЕУ со нивната планирана турнеја низ источна и централна Европа, не се припадници на мотоциклистичкиот клуб „Ноќни волци“ чиј член е и рускиот претседател Владимир Путин, соопшти во понеделникот германската полиција.
Ниеден од десетиците мотоциклисти коишто во неделата од Австрија влегле во Германија, според тамошната полиција, „не е вистински член на клубот ‘Ноќни волци’“, клубот кој е ставен на своевидна „црна листа“ на Западот поради рускиот претседател Владимир Путин и го означуваат како „прокремаљски“.
„Станува збор за роднини и симпатизери на споменатата група и сите имале валидни документи. Жена поврзана со еден член од ‘Ноќните волци’ , исто така, пристигнала во неделата на аеродромот Минхен и дозволен ѝ е влезот“, пренесува германската новинска агенција dpa, повикувајќи се на полицијата.
Портпаролот на „Ноќните волци“ соопшти дека клубот во понеделникот планира да го посети нацистичкиот концентрационен логор Дахау, крај Минхен.
Групата ја започна турнејата на 25-ти април и има намера да ја заврши во Берлин во недела, кога во Русија се одбележува Денот на победата над нацизмот. Планот беше да се мине низ Белорусија, Полска, Словачка, Австрија и Чешка, и на 9-ти мај да заврши во германската престолнина. Во неделата мотоциклистите дефилираа низ Виена, а преминувајќи во Германија биле запрени на влезот од Минхен. Портпаролот на клубот, Алесандар Шаповалов, за руските медиуми изјави дека документите им биле прегледувани повеќе од четири часа, по што го продолжиле патувањето.
Бајкерите, единствено поради блиските врски со Путин, неколкупати беа спречени при преминувањето на границите, што Москва го осуди како кршење на основите начела на слободен проток на луѓе преку границите.
Германската влада, за разлика до некои други сојузниците од ЕУ, соопшти дека не планира да се меша во плановите на руските мотоциклисти. Тамошното министерство за надворешни работи, сепак, објави дека тројцата водечки членови на „Ноќните волци“ се запрени на еден берлински аеродром.
Истовремено претседателот на „Ноќните волци“, Алесандр Залдостанов познат како „Хирург“, најави дека следната турнеја на клубот ќе мине низ градовите од западна Украина.
„Мото турнејата низ Европа до Берлин не е последната. Ние планираме да патуваме во западна Украина. Да минеме низ сите градови и да го обновиме секој споменик на Големата победа сквернавен од бандровците (руски назив за украинските националисти, според Степан Бандера, водач на националистичките движења кои во текот на Втората светска војна соработувале со германските нацистички власти – з.м.). Завршна точка на турнејата ќе биде Л’вов“, изјавил за ТАСС Залдостанов.
Истакнал дека обновувањето на спомениците претставува прашање на честа. „Бидете сигурни дека ќе ги обновиме сите симболи на победата во западна Украина, кои во моментов се урнати или сквернавени“, порачува Хирургот. Тој не прецизирал кога ќе се случи турнејата во регионите од Украина во кои е изразено последната година антируското расположение поради бунтот во рускојазичните источни региони, но додал дека „овие намери секако ќе бидат остварени“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

